Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во претрес во липковско Никуштак, пронајдени дрога и оружје, приведени две лица

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал во заедничка акција со Специјалната антитерористичка единица Тигар и СВР Куманово вчера ги лишија од слобода Н.А.(34) и А.М.(37), двајцата од селото Никуштак, општина Липково.

Од МВР информираат дека при претрес во нивните домови и други простории, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Црвена Застава“ со 28 куршуми калибар 7,62 мм, еден автоматски пиштол „Шкорпион“, едно пакување со марихуана и едно патничко возило „мерцедес“ без регистарски ознаки.

Лицата биле приведени во полициска станица и против нив е поднесена соодветна кривична пријава по член 396 став 2 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка на А.М. му е одредена мерка притвор, додека на Н.А. му е одредена мерка претпазливост.

Зачлени се на нашиот е-билтен