Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Злато и сребро за македонските натпреварувачи на Меѓународен турнир во џуи џицу во Сараево

Златен и сребрен медал освоија македонските натпреварувачи на првиот ден од Меѓународниот џиу џицу турнир „Источно Сараево опен“ што се одржува овој викенд во главниот град на БиХ.

Со златен медал се закити Катерина Ацевска, додека сребро освои Марија Треневска.

Во својата категорија Антонио Стојчески го освои четвртото место.

Меѓународниот турнир во Сараево е уште еден тест за македонските натпреварувачи пред Светското првенство во џиу цицу кое ќе се одржи од 27 до 30 овој месец во Крит, соопшти Македонската џуи џица федерација.

Зачлени се на нашиот е-билтен