Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје и Асоцијацијата на македонската индустрија за видеоигри (Macedonian Games Industry), потпишаа меморандум за соработка.
Со оваа соработка отвора нови можности за зачувување и за промоција на македонскиот јазик преку светот на видеоигрите, рекле на потпишувањето на меморандумот директорката на ИМЈ „Крсте Петков Мисирков“ д-р Елена Јованова-Грујовска и Горазд Цветковски, претседател на Асоцијацијата на македонската индустрија за видеоигри.
ИМЈ и АМИВ заедно ќе работат на развој на стратегија, чија цел ќе биде создавање видеоигри на македонски јазик, со што ќе придонесеме кон зачувување и ширење на нашиот јазик и култура, дома и во светот.
заедно ќе развиваат соработка во едукативни и апликативни активности и проекти, коишто ќе се засноваат врз искористување на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и на просторните капацитети.
„Да го чуваме и да го негуваме македонскиот јазик на сите полиња“, е обврската што ја презедоа Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје и Асоцијацијата на македонската индустрија за видеоигри