Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Србија шокирана: Двоглавиот албански орел го дави белиот српски на билборд

Граѓаните на Ваљево во Србија бидел шокирани, пренесуваат српските медиуми кога на билборд на една од улиците во градот се појавила слика како црн двоглав орел од албанското знаме, го дави белиот орел, симбол на српското знаме.

Што точно се случило засега не е познато, пишуваат медиумите, освен што реакцијата на оваа сцена, барем на социјалните мрежи е доста бурна.

Фотографијата е објавена на Инстаграм страната valjevo_live.

„Билборд во центарот на градот. Се претпоставува дека е хакирана и дека ова е една од провокациите“ – пишува во описот на објавата.

Очекувано беше засладена со лавина негативни коментари.

Во коментарите се јави и човек кој вели дека е сопственик на билбордот.

– Јас сум сопственик на билбордот кој беше хакиран синоќа. Штом дознав, го исклучив, а случајот ќе биде пријавен до надлежните органи – пишуваше под објавата.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново