Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Речиси 50 отсто од медот увезен во Босна и Херцеговина е лажен

Сите анализи во Европа покажаа дека медот на полиците едноставно не е со соодветен квалитет. Речиси 50 отсто од увезениот мед претставува сериозен проблем поради тоа што фалсификуваниот мед го преплавува европскиот пазар, предупредува Европската пчеларска асоцијација (ЕБА).

Имено, пчеларите од европските земји (од ЕУ и надвор од ЕУ) ја основаа Европската пчеларска асоцијација (ЕБА), која се бори за квалитетот на медот и отстранувањето на фалсификатите од пазарот, заштитувајќи ги и потрошувачите и пчеларите бранејќи ја автентичноста на европски мед, објави Пословни дневник. Најдобра гаранција за квалитет имате кога купувате мед директно од вашиот локален пчелар, но доколку го купите во продавница, внимавајте на земјата на потекло.

Повеќето фалсификати се обичен шеќерен сируп со адитиви. Служи само за измама на потрошувачите и заработка на фалсификатори, велат од Здружението на пчелари на Република Српска. Како што наведуваат, со изборот на европскиот мед им помагате на пчеларите да го задржат интересот за пчеларството и со тоа да придонесете за опстанокот на пчелите.

Вкупно 33 тони мед се увезени во Босна и Херцеговина во првите седум месеци од годинава. Дамир Барашин, претседател на Здружението на пчелари на Република Словенија, во интервју за „Независне новине“ посочува дека потрошувачите мора да се јават до локалните производители на мед.

Зачлени се на нашиот е-билтен