Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Моди на БРИКС му понудил на Путин да посредува меѓу Русија и Украина

Индискиот премиер Нарендра Моди уште еднаш понуди да посредува меѓу Русија и Украина во обид да се стави крај на војната, повеќе од две и пол години откако Русија го нападна својот помал сосед.

„Ние целосно го поддржуваме раното воспоставување мир и стабилност“, рече Моди на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин во вторникот во градот Казан.

Путин претходно го пречека со прегратка и ги пофали добрите билатерални односи меѓу двете земји. Моди е еден од повеќе од 20 шефови на држави и влади кои отпатуваа во Русија на самитот на БРИКС на земјите во развој.

Проблемите треба да се решаваат на мирен начин, рече Моди. Индија е во контакт со сите страни и е подготвена да продолжи да „обезбедува секаков вид поддршка“ за завршување на војната.

Моди последен пат ја посети Русија во јули. Неговата прегратка со Путин тогаш се сметаше за провокација во Украина, каде руски ракетен напад уништи детска болница во Киев. Моди подоцна го прегрна и украинскиот претседател Володимир Зеленкси за време на посетата на Киев.

Зачлени се на нашиот е-билтен