Земјотрес попладнево бил почувствуван во западниот дел на Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот со јачина од 3,8 степени бил на длабочина од пет километри во близина на градот Фиер.
Епицентарот на земјотресот бил на 7 километри југоисточно од градот Фиер, кој има околу 60 илјади жители.