„Ги славиме не само извонредните достигнувања на Македонците, туку и богатото наследство што вие продолжувате да го градите. Ајде да се здружиме за да го признаеме длабокото влијание на македонските Американци во обликувањето на разновидниот дух на Соединетите Држави. Вашите придонеси ја подобруваат силата и карактерот на нашата нација и со нетрпение очекуваме да го продолжиме ова патување заедно“, истакнува потпретседателката на САД Камала Харис и кандидатка за претседетал во актуелната кампања за избори во оваа земја во одговорот на писмото до неа од Обединетата македонска дијаспора за клучни прашања од интерес на Македонците во Америка.
Харис потсетува на месецот септември која американскиот Конгрес го посвети на славењето на македонското американско наследство.
„Сакаме да го искористиме овој момент за да му оддадеме почит на длабокото влијание и енергичната култура што македонската американска заедница и ги донесе на нашата нација. Минатиот месец беше особено посебен, бидејќи се одбележа на мирната независност на тогашната Република Македонија од Југославија на 8 септември 1991 година – извонредно достигнување што ја отелотворува издржливоста и трајниот стремеж кон слободата“, истакнува Камала Харис.
Таа потсетува дека повеќе од еден век, македонските имигранти бараа засолниште и можности во Соединетите Држави, водени од клучните историски настани како што се Илинденското востание, Балканските војни и глобалните конфликти во 20 век.
„Од 1880-тите, десетици илјади најдоа нов дом овде, придонесувајќи за богатата таписерија на нашата нација. Денес, приближно 500.000 поединци од македонското наследство напредуваат во заедниците низ земјата“, посочува потпретседателката Харис.
Таа укажува на силното присуство во држави како Мичиген, Њу Џерси, Њујорк, Охајо, Индијана, Илиноис, Флорида, Пенсилванија и Калифорнија говори доволно за трајното влијание.
„Македонските Американци се истакнаа во различни области – без разлика дали во бизнисот, технологијата, уметноста или медицината. Претприемачите ја зајакнаа нашата економија, спортистите донесоа дома олимписки медали, а уметниците го збогатија нашиот културен пејсаж, покажувајќи ги неверојатните таленти што произлегуваат од оваа заедница“, укажува Камала Харис.
Потпретседателката Харис наведува дека покрај придонесот во економијата и културата, македонските Американци активно се вклучени и во демократските процеси и институции во САД.
„Многумина служеа во законодавните тела и граѓанските организации, отелотворувајќи ги принципите на слободата и заедницата кои ја зајакнуваат нашата нација. Нивната посветеност на граѓанскиот ангажман е инспиративна и клучна за здравјето на нашата демократија“, истакнува потпретседателката на САД Камала Харис и кандидатка за претседетал во актуелната кампања за избори во оваа земја во одговорот на писмото до неа од Обединетата македонска дијаспора.