Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Осум голови и поделени бодови во Дерби д’Италија

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Највозбудливото Дерби д’Италија во историјата се одигра на Сан Сиро вечерва, каде што Интер дојде до водство од 4-2 пред Кенан Јилдиз со два гола за Јувентус да изедначи на 4-4.

Двата пенали за Пјотр Зијеленски за Интер помогнаа домаќините да поведат, но доцните два гола на Јилдиз го спречија славјето на „нероаѕурите“.

Првото полувреме беше одбележано со пет голови. Резултатот го отвори Интер по 15 минути, Јувентус изедначи со голот на Душан Влаховиќ, а потоа и поведе со голот на Тимоти Веа во само шест минути.

Микхартариан изедначи во 35 минути, а Зијеленски го доведе домашниот тим до предност со уште еден пенал на две минути пред полувремето.

Вториот дел започна интензивно, а во 53 минути Дамфрис ја зголеми предноста на Интер со гол од корнер.

Сепак, домаќините не успеаја да стигнат до победата, бидејќи резервистот Јилдиз прво ја намали предноста на Интер во 71 минути, пред да го изедначи резултатот на осум минути пред крајот.

Во моментов Интер е втор на табелата со 18 поени, четири помалку од Наполи, додека Јувентус се на третата позиција со 17 поени.

Зачлени се на нашиот е-билтен