Го прашуваме господинот Халил Снопче од Алијанса на Албанците дали е точно дека тој е дел од работната група во Собранието, која го подготвува новиот закон за правата на бранителите од конфликтот во 2001 година, се вели во реакцијата на ЗНАМ како одговор на пратеникот Снопче кој изјави дека движењето ЗНАМ има свои претставници во работната група за изработка на законско решение за правична застапеност.
Во врска со изјавата на пратеникот Халил Снопче, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија демантира дека има свои претставници во работната група за изработка на законско решение за правична застапеност на етничките заедници, ниту пак има било каква информација дека таква работна група е формирана, велат од ЗНАМ.
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, како одговорен политички субјект, смета дека изречениот збор, особено од носители на функции и претставници на народот, имаат посебна тежина и секогаш треба да се одраз на реалноста и вистината.
Ставот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е дека правичната застапеност на етничките заедници е уставна категорија и затоа треба да се најде соодветно законско решение кое ќе биде предмет на широка јавна расправа во која ќе учествуваат експертската и научна јавност и
заинтересираните страни, а кое на крајот ќе биде пратено до Венецијанската комисија.
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија работи јавно и транспарентно, како што досега го покажа праксата и секогаш во интерес на граѓаните, а штитејќи ги државните интереси.