Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Орав: Косово има законска обврска да ја формира Заедницата на српски општини

Шефот на Канцеларијата на Европската унија во Косово, Аиво Орав, вели дека Косово има законска обврска да ја формира Заедницата на општини со српско мнозинство во земјата.

Во денешното интервју за агенцијата КосоваПрес, Орав рече дека Заедницата е еден од договорите произлезени од дијалогот меѓу Приштина и Белград што беше ратификуван во Собранието на Косово во 2013 година и како таков треба да се спроведе без одлагање.

Европскиот претставник подвлече дека такво нешто е нагласено и во последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Косово, порачувајќи дека е неопходно Косово и Србија да преземат чекори кон имплементација на бриселскиот основен договор и охридскиот анекс, постигнати на почетокот на 2023 година.

-Не е само овогодинешниот извештај кој се занимава со дијалогот, туку и претходниот извештај се занимава со дијалогот, бидејќи првично Србија и Косово се договорија за нормализација на односите и Европската унија активно го олеснува овој процес. Значи, има уште многу што треба да се направи, а толку многу од овие обврски се во заедничкиот договор што треба да се спроведе. Тоа е апсолутно јасно, вели Орав.

Естонскиот дипломат порача дека мора да се почитуваат сите договори кои се дел од дијалогот.

-Во овие години кога Косово и Србија преговараат во овој процес на дијалог, постигнати се неколку договори, а еден од договорите е и Заедницата на општини со српско мнозинство. Мислам дека само еден договор е ратификуван од Собранието на Косово со двотретинско мнозинство гласови. И законска обврска е тоа да се направи и да се спроведе, така што, како што е на латински „Pacta sunt servanda“, договорите мора да се почитуваат, така и овој договор мора да се почитува и спроведе, рече Орав.

Зачлени се на нашиот е-билтен