Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Само за пензии следната година во буџетот 276 милиони евра повеќе

Денеска се очекува да Буџетот за 2025 година да биде поднесен во Собранието, а според пресметките се планирани околу 200 милиони евра повеќе пари за плати во јавниот сектор и администрацијата.

Седумнаесет милијарди денари или 276 милиони евра повеќе се планирани од буџетот за 2025 година како поддршка на Фондот за пензиско осигурување, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

-Одобрени се 15 милијарди денари за ставката за пензии, плус 2 милијарди денари за Фондот за здравство за здравственото осигурување, потврди министерката како одговор на новинарско прашање.

-Во однос на платите, има 3,5 милијарди денари за плати, 2 милијарди има повеќе за дотации,тоа се во ставката образование нели, во делот на Фондот за здравство 5,2 милијарди денари имаме плус,тие треба да ги обезбедат платите дополнително на здравствените работници. Плус имаме 2 милијарди денари како резерва за кои ќе знаеме како ќе се трошат во зависност од тоа што е договорено на економско-социјалниот совет, дополни Димитриеска Кочоска.

Министерката рече дека за 500 милиони денари има зголемување за социјални трансфери, но и дека ќе функционира единствен регистар на податоци за правилно искористување на средствата за социјална помош.

Зачлени се на нашиот е-билтен