Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Сараево уапсен исламски радикал кој повикувал на убиство на полицајци

Млад човек, кој бил мотивиран од исламскиот радикализам и поради тоа повикал на убиство на полицајци, е уапсен во областа на Сараево, потврдија од полициската управа на МВР на Федерацијата БиХ.

Апсењето било извршено под надзор на Обвинителството на БиХ кое ја презеде истрагата за случајот.

Како што полицијата појаснува, а локалните медиуми пренесуваат, станува збор за 28-годишниот Осман Малагиќ, кој на социјалните мрежи ТикТок и Фејсбук повикал на убиство на полицајци.

Апсењето се случи седум дена откако малолетната Е.С. во Босанска Крупа упаднал во полициска станица и убил еден, а со нож тешко повредил друг полицаец.

Тој напад, според досегашните сознанија, бил мотивиран и од исламски радикализам, а истрагата во моментов е насочена кон училиштето „Куран“ во Босанска Крупа, каде што одел и малолетниот убиец.

Судот на Босна и Херцеговина им одреди мерка куќен притвор или забрана за напуштање на местото на живеење за петмина мажи уапсени во текот на досегашната истрага за овој напад, кој сега е класифициран како кривично дело тероризам.

Зачлени се на нашиот е-билтен