Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Водството на Харис во Ајова ги помеша плановите на Трамп

Фото: DoD photo by U.S. Air Force Senior Airman Kevin Tanenbaum

Камала Харис го престигна Доналд Трамп на анкетите во Ајова, држава каде што Трамп лесно победи во 2016 и 2020 година и во која очекуваше уште една лесна победа.

Потпретседателката има три процентни поени предност во Ајова, според анкетата на Des Moines Register/Mediacom на 808 веројатно гласачи.

„Анкетата покажува дека жените, особено тие кои се постари и политички независни, ја прават разликата во полза на Харис“ покажува анкетата.

Според анкетата Харис има предност пред Трамп со 47 наспроти 44 проценти.

Државата Ајова вреди шест гласови во изборниот колеџ, што може да се покаже како клучно во тесната трка на 5 ноември.

И двајцата претседателски кандидати изминатите денови своите сили го фокусираат во државите каде што се блиски и кои се очекува да бидат одлучувачки на изборите – Северна Каролина, Пенсилванија, Мичиген и Висконсин.

Досега над 70 милиони Американци го искористиле правото на предвремено гласање.

Зачлени се на нашиот е-билтен