Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Предупредување за силен дожд во Валенсија: Полицијата ги повикува граѓаните да се вратат дома

Поради опасност од нови силни врнежи и поплави, полицијата и цивилните служби денес ги предупредуваа жителите на Валенсија и околните градови да останат дома.

Полицијата со мегафони ги повикува граѓаните да се вратат во своите домови, а Националната метеоролошка агенција издаде нов црвен метео аларм за јужниот дел на Валенсија за периодот помеѓу 18 и 23 часот, со можни врнежи од 90 литри на квадратен метар, односно девет сантиметри за еден час.

Сите жители на регионот добиле вонредно известување на своите мобилни телефони со предупредување од силни врнежи и со повик да останат дома.

Во поплавите изминатите денови во Валенсија и околината починаа над 250 луѓе, а многумина се уште се водат како исчезнати.

Зачлени се на нашиот е-билтен