Пролетта е за одбрана на демократијата и слободата

Во далечната 1848 година, Европа била зафатена од огромен бран на револуционерни движења и немири, кои во својата основа биле демократски и либерални, а насочени против стариот монархистички систем. Главните фактори кои придонеле за овој бран на револуции кој зафатил пеесеттина европски земји биле големото незадоволство од политичките водства, барањата за поголемо учество во владеењето и демократијата,  растот на националното чувство, како и барањата на работничката класа за економски права.

Овие политички потреси, инспирирани од масовната потреба за демократизирање на општествата и подобрување на правата на граѓанскиот слој кој е во формирање, во историјата е запишан како Пролет на народите, или Пролет на нациите. Првата „пролет“ во долгата низа на борбата за демократија и човекови права.

Во дваесеттиот и дваесет и првиот век, случајно или не повторно на пролет, започнува нова низа на битки за демократизација на општествата.

Прашката пролет од 1968 година

Прашката пролет започнува на почетокот на 1968 година, кога тогашниот Прв Секретар на Комунистичката партија на Чехословачка – Александар Дупчек, воведува низа реформи во тогашна Чехословачка. Реформите вклучуваат демократизација и делумна децентрализација на економијата, попуштање на ограничувањата на медиумите, слободата на говорот и патувањето. Во однос на политичката децентрализација, Чехословачка станува федерација на Чешката и Словачката Социјалистичка Република.

Josef Koudelka/Magnum Photos

Овие реформи предизвикале жесток одговор на Советите и нивните сателитски режими од Варшавскиот пакт, па така по пропаднатите преговори, половина милион војници, поддршани од бројни тенковски единици на СССР извршуваат инвазија на Чехословачка со цел да се скршат демократските реформи и раководството на Чехословачка.

Јан Палах

Иако планот на Советите бил да ја покорат Чехословачка за четири дена, оружаниот и ненасилниот отпор на Чесите и Словаците траел речиси осум месеци. Завршните изблици на отпор, остануваат запишани во историјата на целото човештво, како што е случајот на Јан Палах, кој во очај протестно се самозапалува. Јан Палах станува симбол на Чехословачката борба за демократија и слобода, а демонстрациите кои се случуваат дваесет години подоцна во 1989 година и водат кон конечното ослободување на Чехословачка од советскиот режим се наречени „Неделата на Палах“.

Персиска пролет (Зелена револуција)

Реизборот на иранскиот претседател Махму Ахмадинеџад на изборите во 2009 година, предизвикува масовни протести на опозицијата која обвинува за сериозни манипулации со изборните резултати и непочитување на волјата на мнозинството граѓани. Протестите и судирите траат и во 2010 година, станувајќи познати како Персиска пролет, или Зелена револуција (според зелената боја која ја користи опозицијата и граѓаните кои се бунтуваат). Оваа борба за одбрана на основната демократска вредност – правото на глас, предизвикува жестока реакција од иранскиот режим. Уапсени се илјадници демонстранти, а над сто се убиени.

Протести по претседателските избори во Иран во 2009 година – Персиска пролет (Зелена револуција)
Неда Ага – Солтан

Најпознат случај на убиство за време на Персиската пролет, е оној на Неда Ага – Солтан, студентка по философија која е убиена на улица од страна владините милиции. Убиството на Неда Ага – Солтан беше снимено од случајни минувачи и снимките го обиколија светот, зголемувајќи ја меѓународната осуда на суровото однесување на властите во Иран и нивните параполициски формации.

Персиската пролет означува и една нова појава во начинот на организирање на протестните движења. Учесниците на протестите за прв пат го користат Твитер за меѓусебно координирање, со тоа означувајќи го растот на значењето на социјалните мрежи во политичките процеси, воопшто.

Арапска пролет

Арапската пролет, беа всушност низа од анти-владини протести, бунтови и вооружени востанија, кои се раширија низ поголемиот дел од арапскиот свет. Започнаа во Тунис како реакција на корупцијата и економската стагнација, а од таму се проширија и во други земји: Либија, Египет, Јемен, Сирија и Бахреин. Беа симнати владетелите на Тунис (Бен Али), Либија (Моамер Гадафи), Египет (Хосни Мубарак) и на Јемен (Али Абдула Салех). Демонстрации се случуваа и во Мароко, Ирак, Алжир, Либан, Јордан, Кувајт, Оман и Судан.

Арапска пролет

Иако започнати како демократски и антикорупциски движења, во неколку случаи револуциите на Арапската пролет беа преземени од недемократски и авторитарни теократски движења (муслиманско братство во Египет, клановски лидери во Либија и ИСИС во Сирија), кои во случаите на Сирија и Либија предизвикаа доглотрајни граѓански војни и огромно оддалечување од демократските принципи врз кои започна Арапската пролет.

Гези парк – Турска пролет

Планот за урбанизација на познатиот Гези парк, на Таксим во Истанбул, предизвика мирни протести за одбрана на паркот, кои влаастите ги отстранија со употреба на огромна употреба на сила. Ова предизвика жестокии и масовни протести не само во Истанбул, туки и низ многу други места низ Турција, кои го кренаат гласот против полициската брутланост, автократското владеење на Реџеп Таип Ердоган, цензурата не медиумите, ограничувањето на употребата на алкохолни пијалоци, дискрепанцата во развојот на центрите и провинцијата…

Протестите започнаа на 28 мај 2013 година и траеја се до крајот на јули. Останаа запомнети по огромната мобилизација на културната и уметничката турска заедница која се приклучи на протестите, како и по постојаната употреба на сила и солзавец од страна на полицијата. Протестите во Гези паркот се последниот изблик на демократски и секуларен пркос во последниве години во Турција, во која се чувствува напуштање на републиканскиот карактер на државата создаден од Мустафа Ататурк и воведување на сè повеќе автократски пристап кон владеењето од страна на сегашниот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Евромајдан

Одбивањето на прорускиот украински претседател, Виктор јанукович, да го потпише договорот за асоцијација меѓу Украина и Европската Унија, кој претходно со огормнао мнозинство беше усвоен од страна на украинскиот парламент, предизвика жестоки протести на Плоштадот на независноста (Майдан Незалежності ) во Киев.

Барањата на протестите се однесуваа и на широко распрострнетата корупција, злоупотребата на моќта, нарушувања на човековите права, како и големото влијание на олигарсите врз политичкиот и економскиот живот во Украина.

Жестоките напади на безбедносните сили под контрола на Јанукович и Кремљ, предизвикаа уште поголем бес во Украина и протестите преминаа во револуција чие средиште остана киевскиот Мајдан. Под притисок на непоколебливите демонстранти, Јануковиќ ја напушти власта и Украина и на 21 февруари 2014 година, побегна во Русија. Утредента, Парламентот на Украина изгласа создавање на преодна влада.

Киев, 18 фебруари 2014.

Веднаш по овие настани, Руската Федерација изврши анексија на Крим, а започнаа и про-руски бунтови во источна Украина, Овие настани доведоа до целосна војна меѓу Русија и Украина која започна на 22 февруари 2022 година, со воена инвазија на силите на РФ врз Украина, судир кој сè уште трае без можност за скоро завршување.

Пролетта е симбол на слободарските и демократските бунтови и револuции. Пролет е и во декември, ако борците за демократија се на барикадите.  Ова го пее и култниот југословенски автор Владимир Штулиќ – Џони, посветува една песна на Азра на воведувањето на воена состојба во Полска на 13 декември 1981 година, по бранот на протести организирани од синдикатот Солидарност.

Proljeće je čak i u decembru
Trinaestog
Ili bilo kog drugog
Proljeće stoji iza barikade
S podignutom rukom

Преземено од Трн.мк

Треба да знаете
Moже да ве интересира