Миленко Неделковски – Алатка на Русија за креирање на пропаганда во Северна Македонија

Миленко Неделковски и Александар Дугин

Миленко Неделковски е дел од мрежата на про руската НВО „Assoziation Journalisten im Kampf um den Frieden“ – AJKF, „Асоцијација на новинари за борба за слобода“. Оваа организација е параван на руските разузнавачки служби, задолжена за придобивање на новинари од Европа кои ќе формираат и пласираат пропагадна во корист на Русија. Новинарите кои соработувале со оваа организација биле придобивани преку грантови, односно АЈКF ги финансирала проектите кој биле од интерес на Русија.

Неделковски од 2015 година обработува теми против стратешките определби на земјата – зачленување во НАТО, отпочнување на пристапни преговори со ЕУ, ја поткопувал довербата во институциите и креирал меѓуетничка и интраетничка поларизација во македонското општество.

Слични теми се обработувани и од страна на про руските новинари во Молдавија, кои оформувале позитивна перцпеција за Русија на штета на западните држави и го поларизирале молдавското општество.

Неделковски  ги промовирал таканаречните „руски вредности“ во РСМ, презентирани од страна на идеолозите на политичката доктрина „Руски свет“ – Александар Дугин и Леонид Савин. Неделковски реализирал интервју со Александар Дугин (https://www.youtube.com/watch?v=wNiQUW_WKvY) кој го емитувал на ТВ со национална концесија и го објавил на својата платформа на Јутуб. Интервјуто е реализирано во 2015 година, односно во истата година кога Неделковски започнува да остварува контакти со про руската НВО АЈКF.

Неделковски преку своите платформи оформувал негативна перцепција за работењето на НВО сектор во РСМ посебно за работата на фондацијата „Отворено Општество“. Заедно со неколку приврзаници ја формираа „Граѓанско движење за одбрана на Македонија“ и организираа трибини со цел формирање на јавно мислење против стратешките партнери на РСМ, обвинувајќи ги дека преку „Отворено Општество“ креираат политичка нестабилност во земјата. Ваквите активности на Неделковски предизвикаа широка интраетничка поларизација во македонското општество (https://kanal5.com.mk/gdom-se-gleda-krajot-na-politichkata-kriza-vo-makedonija/a236090) (https://fokus.mk/milenko-site-tie-predavnitsi-da-se-zakopaat-dlaboko-i-vrz-niv-da-se-stavi-betonska-plocha-za-vek-e-da-nemaat-nikakvo-vlijanie-vrz-ova-shto-se-sluchuva/).

Неделковски продолжи со својата намера да создава интраетнички поделби кога ширел лажни вести и спинови за наводна инволвираност на Срѓа Поповиќ и организацијата „Канвас“ со протестите организирани од „Шарена револуција“. Намера на Неделковски беше да оформи перцпеција дека протестите во РСМ се организирани од надворешни елементи со цел рушење на извршната власт во земјата.

На социјалните мрежи создавал перцепција за инволвираност на Срѓа Поповиќ во „Шарена револуција“ во РСМ и го оквалификувал како „српски терорист“. Воедно ширел говор на омраза и ги поттикнувал македонските граѓани за насилни дејства против предводникот на организацијата Канвас. Клучен наратив граден од Неделковски за Канвас е „фашистички орди“ односно користел идентичен наратив кој го употребува Кремљ за оправдување на руската агресија врз Украина. (http://proverkanafakti.mk/fejsbuk-govor-na-omraza-na-novinarot-milenko-nedelkovski-sajber-pottik-za-realni-zakani/).

Воедно, Неделковски шири говор на омраза и креира негативни наративи за новинари од РСМ, кои пред се се’ залагаат за членство на РСМ во НАТО и отпочнување на преговорите со ЕУ. Неделковски освен недолични коментари и навреди, споделува и фотографии од колегите новинари и се користи со зборовите „сатрапи, гноеви, гнидите, чировите кои крварат во земјава, дека биле поставени таму за да не се дознаела вистината„ и сл. (https://www.youtube.com/watch?v=81iQs1suMvs).

Последниот период Неделковски претсојуваше во окупираните теоритории на Украина, од каде промовираше руски наративи дека во Украина се водела граѓанска војна, а од 2022 година има специјална воена операција. Тој смета дека треба да се почитува волјата на граѓаните на Доњецк, кои на референдум одлучиле да се обединат со Русија. (zoom.mk)

Треба да знаете
Moже да ве интересира