Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Новиот масовен бран мигранти преку Медитеранот го вклучи црвениот аларм во ЕУ

Додека Европа се обидува да најде соодветен одговор на напливот на илегални мигранти, нови драми секојдневно се случуваат во Медитеранот. Во изминатите денови црниот биланс на загинати и изчезнати луге нагло се зголеми.

Мирјана ВАСИЛЕВА

Додека Европа се обидува да најде соодветен одговор на напливот на илегални мигранти, нови драми секојдневно се случуваат во Медитеранот. Во изминатите денови црниот биланс на загинати и изчезнати луге нагло се зголеми, се вели во извештајот на Итернационаланата  организација за миграции (ИОМ).

Во моментов оваа организација не располага со прецизни информации колку бродови со мигранти пловат низ Медитеранот,  бидејки   крајбрежните  стражи на  Грција, Шпанија и на Малта, секојдневно се соочуваат, со  многу  проблеми како што се акциите за спасување на луѓе од пренатрупаните бродчиња на криумчарите, или пак работат со најупорните кои допловиле до  бреговите на ЕУ  со намера да добијат престој или азил.

Така во периодот од јануари до март 2023 година, според официјалните податоци  на оваа организација животот го загубиле околу 440 лица обидувајќи се да го преминат Медитеранот  на  патот кон Европа, што го прави првиот квартал од 2023 година најсмртоносен во последните пет години.

„Постојаната хуманитарна криза во централниот Медитеран е неподнослива“ велат хуманитарните работници,  упатувајќи апел до   Обединетите Нации и до Брисел, што е можно поскоро да ја активираат програмата САР, односно Меѓународната конвенција за пребарување и спасување во меѓународните води  (International Convention on Maritime Search and Rescue (SAR)), која  поради неисполнувањето на обрвските на некои земји членика на унијата, акциите за сапасување на лица на отворено море се во застој од финасиски причини, а сето тоа чини човечки животи.

Италијанските  медиуми  инофмираат дека поради зголемениот број бегалци и мигранти кои го преминуваат Средоземното Море, Италија ќе воведе вонредна состојба. Италијанската влада, која е на функција од октомври минатата година, вети дека ќе ја ограничи имиграцијата, но од почетокот на годината во Италија пристигнале околу 31.300 лица. Слична е сосотјбата и во земјите кои ја штитат надворешната граница на ЕУ, Грција, Малата и Шпанија.

Приливот на мигранти низ централниот Медитеран достигна невидено ниво бидејќи шверцерските банди сѐ повеќе се организираат и многу е полесно да се направат импровизирани пловни објекти, изјави за медиумите директорот на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража Фронтекс Ханс  Лајтенс.

Фронтекс располага со податоците дека помеѓу јануари и април, бројот на нерегуларни влезови во Европската унија преку Централниот Медитеран се зголеми за речиси 300 отсто во споредба со истиот период во 2022 година, достигнувајќи 42.200.

Финасиски пакет помош за Тунис за да запре приловот на мигранти од оваа земја

Во пресрет на новиот бегалски медитерански бран, Европската Комисија најави  инвестициски план за Тунис во вредност од 1 милијарда евра, затоа што сè повеќе мигранти во Европа доаѓаат преку Тунис.

Зголемениот број на мигранти кои пристигнуваат во Европа преку илегалните мрежи за криумчарење во Тунис ја ставија оваа северноафриканска земја во центарот на меѓународното внимание.

Пакетот мерки, кој претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го објави, вклучува следење на туниската граница и е сличен на оној што ЕУ го постигна со Турција во март 2016 година, кога Брисел се согласи да плати шест милијарди евра за да го намали протокот на бегалци кои бегаа од граѓанската војна во Сирија.

ЕУ воведува нови правила за доделување на азил

Министрите за внатрешни работи и за правда на земјите членки на ЕУ, неодамна се согласија за заеднички став за новите правила за мигрантите и барателите на азил.

Политички најчувствителниот предлог содржан во договорот се однесува на распределба на пристигнатите мигранти меѓу земјите од ЕУ, со цел да се олесни товарот на земјите каде што пристигнуваат најголемиот број мигранти, како Италија или Грција.

Со противењето на Полска и Унгарија, останатите 25 влади на ЕУ се согласија да воведат систем на „задолжителна солидарност“ според кој земјите кои не сакаат да прифатат мигранти од квотата што им е доделена, мора да уплатат 20.000 евра во посебен фонд за секоја личност на која не сакаат да ѝ бидат домаќини.

Со овој фонд ќе управува Европската Комисија, а средствата од него треба да се користат за финансирање проекти насочени кон „решавање на причините за миграцијата“.

Лицата кои се одбиени можат, според новите правила, брзо да бидат вратени во нивната матична земја или во трети земја. Дали третата земја е соодветна ќе одлучат земјите на надворешните граници на ЕУ, на пример Грција и Италија.

На брзи процедури на граница ќе подлежат и семејствата со деца и малолетниците без придружба.

За процедурата на граница сега мора да се создадат нови, речиси затворени засолништа во земјите на надворешните граници на ЕУ, како што се Грција и Италија. Ваквите засолништа се критикувани од организациите за заштита на бегалците, но и од Зелените и делови од СПД во Германија, бидејќи сметаат дека тоа се практично недозволиви затвори.

Најголемите групи не одат на гранични процедури

Бегалците од Сирија и Авганистан нема да бидат опфатени со новите процедури на границите, бидејќи процентот на признавање на нивното право на азил е околу 50 отсто. За овие лица ќе важат „нормални“ процедури. Тоа значи дека тие ќе бидат регистрирани во Грција или Италија и дека потоа ќе го продолжат своето патување, најчесто кон Германија.

Членките на ЕУ се надеваат, како и многу пати досега, дека земјите каде што бегалците првпат влегле на територијата на ЕУ ќе ги прифатат овие бегалци .

Целта на реформата е да се намали доаѓањето на бегалците, односно барателите на азил во ЕУ. Тој порасна многу во последните години. Во 2022 година, 850.000 луѓе за прв пат поднеле барање за азил во Европската унија. Од ЕУ велат дека се надеваат дека новите правила ќе ги одвратат мигрантите кои немаат изгледи за азил.

По договорот на министерско ниво, претставниците на Европскиот парламент останува да го одобрат договорот, пред крајот на нивниот сегашен мандат, кој истекува во 2024 година на пролет.

Треба да знаете
Moже да ве интересира