Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Охридско Езеро, како споменик на природата, ќе добие заштита според највисоки критериуми

Зоран БОЈАРОВСКИ

Откако Владата го утврди текстот на Предлогот на Законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата, оваа наша природна убавина, препознаена и од УНЕСКО, е на чекор да го добие статусот на подрачје кое ќе биде заштитено според највисоки стандарди и критериуми.

Откако ќе помине во Собранието, Охридското Езеро, според предложеното од ресорното Министерство за животна средина и просторно планирање, треба да добие статсу на споменик на природата заради геоморфолошките и хидролошките карактеристики, исклучителните природни вредности како дел од Светското природно наследство на УНЕСКО и еден од најважните рефугиум центри на биолошката разновидност во европски и светски рамки.

Со прогласување на Споменикот на природата – Охридско Езеро се овозможува:

– Заштита и зачувување на природната состојба на Охридското Езеро преку заштита и зачувување на живеалиштата и видовите од национално и европско значење и заштита на другите природните вредности;

– Спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на живеалиштата и екосистемите;

– Создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност и

– Одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на живеалиштата и видовите.

Со статусот Споменик на природата се зајакнува заштитата

Како што е предвидено со предложеното законско решение, откако ќе биде прогласено за споменик на природата со Охридско Езеро ќе управува веќе постоечкото  Јавно претпријатие Колекторски систем за да не се мултиплицираат бирократските институции, но и за да се забрза имплентацијата на суштинските вредности на законот, наместо да се губи времето во основање на ново јавно претпријатие.

Заради ефикасно управување со Охридското Езеро, она што секако ќе се формира се Советот на засегнати страни и Научниот Совет, како консултативни тела во согласност со Законот за заштита на природата.

Времето за ефикасна имплементација на одредбите од новопредложениот закон е важно и за донесување на Планот за управување со Споменик на природа Охридско Езеро, кој треба да биде креиран најдоцна во рок од две година од денот на прогласувањето на заштитено подрачје, со важност од десет години.

Со Планот за управување, управувачот со заштитеното подрачје подготвува ќе биде обврзан да подготвува Годишна програма за заштита на природата во рок од три месеци од денот на прогласување на подрачјето за заштитено.

Како што се наведува во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање, со прогласување на споменик на природата, се овозможува заштита и зачувување на природната состојба на Охридското Езеро, преку заштита и зачувување на живеалиштата и видовите од национално и европско значење и заштита на другите природни вредности.

Законските решенија треба да овозможат системско и институционално спречување на дејствија што можат непосредно или посредно, да предизвикаат нарушување на живеалиштата и екосистемите.

Со управувањето на Охридското Езеро како со споменик на природата се предвидува создавање поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската престижниот статус на Охридскиот Регион на листата на УНЕСКО како исклучителна универзална вредност и Меѓународната унија за заштита на природа (IUCN), Канцеларија за Источна Европа и Централна Азија (ECARO) и од национални институции и експерти.

УНЕСКО ја препозна грижата за Охридското Езеро и регионот

Прдлог законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата е обврска на нашата држава откако на годишната конференција на УНЕСКО престижниот статус на Охридскиот Регион на листата на оваа агенција на ОН како исклучителна универзална вредност.

„Престижниот статус останува, но остануваат и препораките за негово зачувување. Препораките не се лесни и нивнaта реализација бара наше целосно внимание. За да постигнеме успех во тоа, неопходно е секој да го понесе својот дел од обврските“, посочи тогаш министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

На сесијата на Комитетот на УНЕСКО министерките Костадиновска- Стојчевска и  министерката за животна стредина и просторно планирање Каја Шукова посочија дека експертски тимови од Република Македонија и Албанија изготвија Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион со Акциски план, како значаен чекор во детектирањето и справувањето со факторите коишто имаат негативно влијание врз вредностите на Регионот.

Тоа беше позитивно оценето од страна на Комитетот за светско наследство и е нотирано во Одлуката од сесијата на Комитетот во Ријад минатата есен.

На 45-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, Охридскиот Регион, како универзална вредност, остана на листата на светско наследство. Комитетот ја препозна грижата на Република Македонија за богатото охридско културно наследство и одговорноста кон Охридското Езеро и ги уважи заедничките напори на Република Македонија и Република Албанија за зачувување на престижниот статус на Охридскиот Регион како светско наследство.

Предлог надворешна граница и предлог зонирање на заштитено подрачје Споменик на природа – Охридското Езеро
Треба да знаете
Moже да ве интересира