Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Орбан доби понуда: Штом си толку за Русија и Кина, повели, напушти ги ЕУ и НАТО

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го одбележа минатиот месец според бројот на информации и дезинформации и во врска со Русија и нејзината позиција околу мирот во Украина и во врска со улогата на другите големи сили околу овој конфликт. Но и во врска со краткорочната и среднорочната иднина на светот во геополитичка смисла, политиката на ЕУ и на НАТО кон сите овие прашања и, секако, идната политика на Унгарија. Откако си ги искажа ставовите кои се многу поразлични од сојузниците, висок полски функционер му порача да ги напушти ЕУ и НАТО, анализира Вистиномер. 

Текстот го објавуваме интегрално:

Серијата скандали што започнаа со ненадејни политички чекори какви што беа ненајавените посети на Киев, Москва и Пекинг, завршија при крајот на месецот со визионерството на унгарскиот премиер Виктор Орбан околу позицијата на Русија, околу БРИКС и иднината на ЕУ и НАТО за Украина, по што унгарскиот лидер доби отворена понуда од висок полски функционер Унгарија да ги напушти ЕУ и НАТО ако не му се допаѓаат тие заедници.

Русија и Азија центар на светот

Медиумите на македонски јазик ја објавија изјавата на Орбан дека Русија води рационална политика и дека Азија ќе биде доминантен центар на светот во иднина.

Орбан изјави дека руското раководство е „хипер рационално“ и оти Украина никогаш нема да може да ги исполни своите надежи да стане членка на Европската Унија (ЕУ) и на НАТО. Некои медиуми пренесоа детали од хвалоспевот на Орбан за Русија и нејзиното раководство.

Орбан оцени дека се лаги тврдењата дека Русија е автократија и порача дека таа земја се прилагодила на санкциите, како и дека покажува економска и социјална флексибилност.

Русија ги научи лекциите од 2014 и не само што ги научи, туку ги претвори во акции. Спроведоа неопходен развој на информатичката технологија и банкарскиот сектор, така што рускиот финансиски систем не се урна. Развија способност за прилагодување, оцени унгарскиот премиер.

Кога Русија се опишува како тврда неосталинистичка автократија, тоа е лага. Всушност, зборуваме за земја која покажува техничка, економска и, очигледно, општествена флексибилност, истакна Орбан. Се покажа дека западните вредности, кои беа сметани за универзални, сè повеќе земји од светот демонстративно не ги прифаќаат и ги отфрлаат. Се покажа дека модернизацијата и развојот не се исклучиво западни, бидејќи Кина се модернизира, Индија сè повеќе се развива, а Арапите и Турците стануваат модерен свет кој воопшто не е заснован на западните вредности, кажа Орбан.

Виктор Орбан. Фото: © European Union, 2023

Орбан изнесе предвидување дека глобалната моќ ќе биде поместена од „ирационалниот“ Запад кон Азија и Русија.

Во наредните долги децении, можеби и векови, Азија ќе биде доминантен центар на светотрече Орбан, алудирајќи на Индија, Кина, Пакистан и Индонезија како идни големи светски сили.

Тој, исто така, порача дека Украина никогаш нема да стане членка на НАТО и на ЕУ, бидејќи Европејците немаат пари за такво нешто.

По ваквите изјави, но и по изјавите дека Варшава води лицемерна политика, Орбан доби понуда да ја напушти ЕУ. Заменик-министерот за надворешни работи на Полска, Владислав Теофил Бартошевски, изрази сомневање за неопходноста од членство на Унгарија во ЕУ и НАТО.

Не разбирам зошто Унгарија сака да остане членка на организации кои не ги сакаат толку многу и кои наводно лошо се однесуваат кон нив. Тоа е вака: ако не сакаш да бидеш член на клуб, секогаш можеш да си заминеш, додаде Бартошевски, упатувајќи го Орбан да влезе во Унија со Русија и со некои авторитарни држави од тој тип.

Орбан во самоповикана мировна мисија

Сè започна со самоповиканата мировна мисија на Орбан на почетокот на месецот. Тој најпрво го посети Киев, а потоа Москва и Пекинг.

На средбата во Москва со рускиот претседател Владимир Путин му овозможи на Кремљ да поентира со изјавата дека Русија не се залагала ни за пауза на воените дејствија, ни за примирје, туку за конечен мир, но дека не се виновни што до тоа не доаѓа.

Ние секогаш сме заземале став дека сме за дипломатско решение на конфликтот, но постојано слушаме од спротивната страна дека не сакаат конфликтот да се реши на тој начин, додека спонзорите на конфликтот се обидуваат да го искористат украинскиот народ како жртва за борбата против Русијаистакна Путин.

За Европа мирот е најважната работа. Ние ја гледаме борбата за мир како главна задача во текот на следните шест месеци од нашето претседавање (со Советот на ЕУ), посочи Орбан.

Тој истакна дека Унгарија претседавањето со Советот на ЕУ го смета за мировна мисија.

Потребни се многу чекори за да се стави крај на војната, но ние го направивме првиот чекор за да го вратиме дијалогот, истакна Орбан.

6. Виктор Орбан и Владимир Путин. Фото: Инстаграм профил на Орбан

Посетата на Москва наиде на осуда и од Киев и од лидери на ЕУ, кои веднаш истакнаа дека Орбан може да си зборува само за билатералните односи со Русија, а никако да алудира дека ја претставува европската политика, односно политиката на ЕУ.

По средбата на Путин со Орбан, помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, изјави дека имале „искрен разговор“ за „сите прашања што се однесуваат на Украина“. Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката на Орбан да ја посети Москва е донесена „без одобрение или координација“ со Киев. Оттаму додадоа дека „принципот ‘нема договор за Украина без Украина’ останува неприкосновен“ за таа земја и ги повикаа сите земји строго да се придржуваат до него.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во соопштение рече дека посетата на Орбан на Москва „се одвива исклучиво во рамките на билатералните односи меѓу Унгарија и Русија“.

Премиерот Орбан не доби никаков мандат од Советот на ЕУ да ја посети Москваизјави Борел.

Портпaролот на Кремљ пак, Димитриј Песков, изјави дека посетата на Москва е идеја на Орбан и дека била договорена дури во средата (03.07.2024), пренесува руската државна новинска агенција ТАСС. Песков додаде дека Москва го цени „силниот, јасен и конзистентен курс“ на Орбан, кој има за цел да се обиде да го реши конфликтот. Путин му рекол на Орбан дека сака да ја слушне позицијата на „европските колеги“ за Украина и да разговара за планот на Москва за мир, како и билатералните односи, пренесуваат дел од медиумите на македонски јазик.

Пекинг: Големите сили да вложат позитивна енергија

Орбан по Киев и Москва замина во трета ненајавена посета во Пекинг, со што одново предизвика внимание на светската јавност, а со тоа и на домашните медиуми.

Покрај Русија и Украина, крајот на војната „зависи и од одлуката на трите светски сили, САД, Европската Унија и Кина“, напиша Орбан во објавата на Фејсбук на која се гледа како се ракува со Си, пишуваат дел од медиумите на македонски јазик.

5. Виктор Орбан и Си Џинпинг. Фото:Фејсбук профил на Кинеска амбасада во Унгарија

Џинпинг на средбата му рекол на Орбан дека светските сили треба да им помогнат на Русија и Украина повторно да започнат директни мировни преговори, јави државната телевизија ЦЦТВ.

Меѓународната заедница треба да создаде услови и да обезбеди помош за двете страни да продолжат со директен дијалог и преговори – му рекол Си на Орбан, додавајќи: Само кога сите големи сили ќе вложат позитивна енергија наместо негативна енергија, може да дојде до прекин на огнот во овој конфликт и тоа што е можно поскоро, рекол кинескиот лидер.

Песков со пофалби за Орбан

Гласноговорникот на Кремљ, Дмитриј Песков, соопшти дека Орбан не носи порака до Пекинг од страна на Владимир Путин, пренесоа дел од медиумите на македонски јазик.

На прашањето дали Путин им пренел порака на Бајден и на другите учесници на Самитот на НАТО преку Орбан, кој ја посети Москва на 5 јули, Песков одговори негативно.

Тој додаде дека Орбан, кој претходно ги посети Киев и Москва, а потоа и Пекинг, од каде ќе отпатува во Вашингтон, „презема сериозна иницијатива да ги спореди ставовите на различни страни, врз основа на примарни извори“.

Ние тоа многу цениме и претседателот Путин даде висок оцена на напорите на господинот Орбанистакна Песков.

Портпаролот, претходно одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган не може да биде посредник во евентуалните разговори меѓу Русија и Украина, пренесоа домашните медиуми.

Унгарскиот лидер предвиде „самоубиство“ на НАТО

Мировната мисија на Орбан на која отиде ненајавено ги зголеми дезинформациите од Москва за тоа кој е војна, а кој за мир и со самиот факт што предизвика скандалозни осуди во европските престолнини и поделба меѓу поголемиот дел од Унијата и Унгарија. Но, не помало внимание предизвика и учеството на Орбан на самитот на НАТО во Вашингтон на кој се одбележа 75 годишнината од постоењето на алијансата, кој се одржа по посетите на Москва и Пекинг.

Заедничка фотографија на лидерите на НАТО кому Орбан му предвиде „самоубиство. Фото: НАТО/веб

Орбан ден пред самитот во авторски текст објавен во „Њузвик“ му прогнозираше „самоубиство“ на НАТО, во контекст на политиката кон Украина. 

…Големиот историчар Арнолд Тојнби тврдеше дека „цивилизациите умираат од самоубиство, а не од убиство“. Како најсилниот воен сојуз што светот некогаш го видел, не треба да се плашиме од пораз од кој било надворешен непријател. Ако воопшто има разум, надворешниот непријател нема да се осмели да нападне ниту една земја членка на НАТО. Но треба многу да се плашиме од сопственото отфрлање на вредностите што го родиле нашиот сојуз. Целта за која беше создадено НАТО е да обезбеди мир во интерес на стабилен економски, политички и културен развој. НАТО ја исполнува својата цел кога ќе добие мир, а не војна. Ако избере конфликт наместо соработка и војна наместо мир, тоа ќе биде самоубиство, напиша Орбан, а пренесе еден од медиумите кои во целост го објавија авторскиот текст на Орбан.

Спорот Брисел–Будимпешта е сè подлабок

Спорот меѓу Орбан и ЕУ во јули доби завршница на тој начин што ЕУ и го одзеде правото на Унгарија да го организира августовскиот самит на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ планиран за во Будимпешта, јавија медиумите на македонски јазик.

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, ѝ го одзеде правото на Унгарија да го организира следниот состанок на министрите за надворешни работи и за одбрана на земјите членки на Унијата, поради ставот кон војната во Украина.

Оваа одлука доаѓа неколку недели откако Унгарија го презеде претседавањето со ЕУ, така што Будимпешта требаше да биде домаќин на министрите, но Брисел е лут на премиерот Виктор Орбан поради средбите на своја рака во Москва со Владимир Путин и во Пекинг со Џинпинг.

Според Борел, таквите постапки на Унгарија треба да сносат последици. Според Унгарија, пак, ваквата постапка на Борел е „комплетно детска“.

Состаноците на министрите според агендата треба да се одвиваат од 28 до 30 август. Наместо во Будимпешта, сега состанокот ќе биде во Брисел.

Претходно, Орбан во писмо до Шарл Мишел го претстави својот план за остварување на мир во Украина, поточно заклучоците на Унгарија по разговорите во Киев, Москва, Пекинг и САД.

Премиерот на Унгарија во писмото повика на разговори со Кина за „мировна конференција“, обновување на дипломатските односи со Русија и, како што наведува, „политичка офанзива кон земјите од глобалниот југ, чија почит ја изгубивме поради нашиот став за војната во Украина“ – пренесува „Билд“.

Писмото содржи десет точки, а кога станува збор за војната во Украина, унгарскиот премиер оценува дека во блиска иднина интензитетот на конфликтот радикално ќе се засили, пренесе Нова Македонија.

Орбан уште пишува дека во мировните напори тој ќе соработува со американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.

Можам со сигурност да кажам дека наскоро по изборната победа, Трамп нема да ја чека неговата инаугурација, туку веднаш ќе биде подготвен да дејствува како посредник за мир. Тој има детални и добро основани планови, напиша Орбан, јавува Радио Слободна Европа.

Моменти после атентатот врз Трамп. Фото: скриншот/Јутјуб

Атентатот врз Трамп и реакциите

Неуспешниот обид за атентат врз кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, како и реакциите на Запад и на Исток беа главна тема на медиумите на македонски јазик во средината на јули. Од позначајните реакции може да се издвојат оние од Москва, Словачка и од Србија.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека во САД има долга институционална политика на говор на омраза кон политичките противници и дека треба да се направи попис на тој „инвентар“:

Пред два месеца укажав на фактот дека САД буквално поттикнуваат омраза кон политичките противници и дадов примери за американската традиција на обиди и убиства на претседатели и претседателски кандидатинапиша Захарова на Телеграмнаведувајќи ја нејзината објава за историјата на атентатите и обидите за атентати врз американски политичари.

Марија Захарова, брифинг. Фото: mid.ru

Таа уште додаде наместо пари за оружје за Украина САД треба да вложат во домашната безбедност:

Сите оние кои гласаат во САД за испорака на оружје на Зеленски, (треба да знаат – н.з.) можеби ќе беше подобро со овие пари да се финансира американската полиција и други служби кои треба да обезбедат ред и мир во САД. Денеска претседателот Џо Бајден рече дека ваквите настани како обид за атентат врз претседателски кандидат или која било јавна личност се болни манифестации на внатрешниот политички живот на САД. Она што не го кажа е дека ова не е само болна манифестација на внатрешниот политички живот, но и традиција, тоа се традиции кои, за жал, стануваат норми.

Реагираше и словачкиот лидер Роберт Фицо, врз кого неодамна, исто така, беше извршен неуспешен атентат со многу потешки последици од овој на Трамп:

Политичките противници на Трамп се обидуваат да го затворат, а кога не успеваат, толку ја возбудуваат јавноста што некој бедник зема оружје. Сега ќе бидеме сведоци на зборови за потребата од помирување, смиреност и прошка…вели словачкиот премиер и состојбата ја поврза со медиумите кои ширеле говор на омраза кон него во Словачка.

Доколку напаѓачот на Доналд Трамп зборува словачки, доволно е да прочита три нивни медиуми, весниците N, Sme или Aktuality, за да добие желба да ги „среди“ „непослушните“, наведува Фицо на неговиот Фејсбук профил.

Вулин: Вучиќ е следен

Паралели влечат и влијателни политичари во Србија. Александар Вулин, прорускиот висок функционер изјави дека следен би бил претседателот Алекандар Вучиќ:

Нека се подготви Вучиќ и секој што има храброст да се бори за слобода. Обидот за убиство на поранешниот претседател Трамп е израз на дозволена и поттикната омраза, истата омраза што се поттикнува и слободно се изразува кон Вучиќ и Србијапредупреди тој.

Вицепремиерот Вулин, исто така, гледа паралела помеѓу пукањето врз Трамп и она на Фицо, но го спомена и загинатиот ирански претседател, без оглед што тој животот го загуби во хеликоптерска несреќа. Вулин смета дека не случајно се работи за луѓе кои се залагале „за поинаков свет и мир во Украина.“

Обидот за атентат врз Трамп инаку го осудија лидерите од целиот свет, истакнувајќи дека такво нешто е недозволиво, вклучувајќи ги и политичарите од С. Македонија. Свои реакции испратија претседателката Сиљановска Давковапретседателот на Собранието Гашипремиерот Мицкоскилидерот на СДСМ Филипчелидерот на ЗНАМ Димитриевски, итн.

Оставката на Бајден според Москва е дел од поширок заговор

Повлекувањето на претседателот Џо Бајден од кандидатурата за претседателските избори во САД предизвикаа многу реакции и дезинформации и од Москва. Кремљ тврди дека постоел заговор со кој досега од американската јавност се криела здравствената состојба на Бајден.

Потпретседателката на САД Камала Харис. Фото: Бела куќа/официјален вебсајт

Оваа теорија на заговор, која беше масовно пренесена од медиумите на македонски јазик, ја пласираше Марија Захарова, гласноговорникот на руското министерство за надворешни работи (МНР), при што се потенцира и улогата на медиумите во наводниот заговор.

Следниот чекор треба да биде истрага за заговорот на американските медиуми и политички кругови, кои ја криеја вистинската состојба на работите за неговата психичка состојба, манипулирање со јавното мислење и играње со една политичка партија, рече Захарова за ТАСС, пренесоа дел од овдешните медиуми.

Она што се случува во Соединетите Држави во последните години нè научи дека ништо не може да нè изненади. Не бевме многу изненадени, кажа во својата реакција Димитриј Песков, портпаролот на Кремљ. Додаде дека за Русија приоритет останува постигнувањето на целите на „специјалната воена операција“ во Украина. Кремљ не може да процени што би можела да значи кандидатурата на Харис за односите, бидејќи Москва досега не забележала нејзин придонес на тие односи освен непријателската реторика, кажа Песков.

2. Камала Харис, обраќање. Фото: Официјален сајт на Белата Куќа

Харис повеќе пати му изрази поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски и ја обвини Москва за водење „варварска војна“.

Кремљ го коментираше и противкандидатот Доналд Трамп, нарекувајќи го „претставник на политичката елита на САД“ кој, исто така, „страда од русофобија“. Истовремено Кремљ ги отфрли обвинувањата дека Русија се меша во претседателските избори на САД, оценувајќи дека ќе има уште такви обвинувања до ноември кога се оддржуваат изборите. „Американците не можат да смислат подобар непријател од Русија“, рече Песков .

Преземено од МЕТА

Зачлени се на нашиот е-билтен