Нестабилна облачна маса се движи кон Скопската Котлина, а југоисточно од Катланово веќе има поинтензивно невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локални услови за град, информира УХМР.
Според најновото известување на Управата, облачната маса доаѓа од југозапад и се приближува кон Скопје, при што веќе носи умерени врнежи и засилен ветер. Поради локалниот карактер на нестабилноста, интензитетот може значително да се разликува меѓу одделни делови од котлината.
Поинтензивна нестабилност е регистрирана во реонот југоисточно од Катланово, каде покрај пороен дожд и грмежи има и услови за појава на град.
Промена има и во Охридскиот Регион, каде е забележана зголемена облачност со слаби врнежи од дожд.
УХМР препорачува зголемена внимателност поради можните посилни налети на ветер, грмежите и краткотрајните поинтензивни врнежи, особено за граѓаните кои се на отворено и за учесниците во сообраќајот.
Нестабилноста нема да заврши вечерва. За утре се очекува променливо облачно и топло време со сончеви периоди, но во попладневните часови повторно се можни локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.