Што би значело членството во ЕУ за обичниот човек во Македонија, наспроти 0 евра неповратна помош од Русија

Преку инвестицискиот план за Западен Балкан 2021-2027 ЕУ планира да алоцира 9 милијарди евра, со потенцијал да мобилизира до 20 милијарди евра инвестиции; руските инвестиции во Македонија, од 2010 до 2020, во просек околу 26 милиони евра годишно (целосно во иградба на постројки, бензиски пумпи или фабрика за лекови) и помош (неповратни средства) од 0 евра

Пишува: Валентин НЕШОВСКИ

Последниве 4-5 години не следам македонска политика, или пак само многу ретко, спорадично, но вчера случајно слушнав дека некои од нашиве кандидати за претседатели или пак за парламент отворено се залагаат за напуштање на визијата за членство во ЕУ и за „барање алтернативни патишта и пазари“ па чекај си реков да проверам кој ни е тоа нам пријател.

А за пријател подразбирам некој кој се грижи за вас, понекогаш ви помага и ве поддржува, па еве го моето мало истражување за нашите пријатели ЕУ и Русија. Инаку оваа моја беневолетна дефиниција за пријателство најлесно се транспонира и во меѓународните односи за меѓудржавно партнерство (инаку односите со ЕУ и со Русија ги следам одамна).

Ова што следува се наоди од кратко и лесно истражување (секој може да го направи) на повеќе официјални сајтови, како ЕУ веб страницата за проширување, Народна банка, Геопост…

ШТО ПРАВИ ЕУ ЗА НАС/ИЛИ ШТО БИ ЗНАЧЕЛО ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА МАКЕДОНИЈА ЗА ОБИЧНИОТ ЧОВЕК

– Работа: Членството обезбедува право на работа во која било земја-членка на ЕУ без потреба од работни дозволи,

– Здравствена заштита: Граѓаните би имале пристап до здравствената заштита во секоја земја-членка под слични услови како и домашните граѓани. Тие би можеле да користат Европска здравствена картичка, која овозможува пристап до медицински услуги за време на привремени престои.

– Образование и студии: Членството во ЕУ олеснува пристапот до образовни програми низ Европа, вклучително и учество во програми како Еразмус+, која поддржува студентски размени и академски соработки.

– Слободно патување: Граѓаните на Македонија би имале право на слободно движење низ земјите-членки на ЕУ. Ова значи можност за патување без потреба од визи за краткотрајни престои, што олеснува туризам и посети на семејство и пријатели.

– Потрошувачка заштита: ЕУ има строги правила за потрошувачка заштита кои гарантираат високи стандарди на квалитет и безбедност на производите, како и права на потрошувачите при купување на производи и услуги во и надвор од нивните земји.

ЗА ИДЕНТИТЕСКИТЕ ПРАШАЊА:

1. Македонскиот – Официјален јазик на ЕУ: Македонскиот јазик би станал еден од официјалните јазици на Европската Унија. Ова би значело дека клучните документи, законодавни акти и важни комуникации на ЕУ ќе се преведат на македонски јазик.

2. Македонско кирлски писмо – автоматски би станало еден од официјалните писма што значи дека важни документи и законодавство се преведуваат на сите официјални јазици. Тоа би обезбедило застапеност на македонскиот јазик во сите институции на ЕУ и негово користење во официјални комуникации, што е бетонирање на македонскиот јазичен идентитет. Сето тоа ја зацврстува мултилингвалноста на ЕУ и придонесува за поголема инклузивност и рамноправност на македонскиот јазик и култура во рамките на Унијата.

3. Заштита на културното наследство: Членството во ЕУ исто така нуди можност за заштита и промоција на македонското културно наследство на европско ниво. ЕУ води политики и програми кои се фокусираат на културната разновидност и заштита на културните идентитет.

4. Образовни и културни програми: Преку програми како Еразмус+ и други иницијативи, младите луѓе и образовните институции во Македонија би имале зголемен пристап до меѓународни образовни и културни размени, што би го збогатило македонскиот образовен систем и културната сцена.

5. Поддршка за медиуми и мултилингвализам: ЕУ активно ги поддржува медиумите и мултилингвалните услуги во своите членки, што би можело да вклучи поддршка за медиумите кои емитуваат на македонски јазик, зајакнување на јазичната разновидност и видливост на македонскиот јазик во публичниот и дигиталниот простор.

ЗА ОРГАНИЗАЦИИ И ИНСТИТУЦИИ

Пристап до:

1. Хоризонт Европа: Ова е најголемиот истражувачки и иновациски програм во ЕУ, кој финансира истражувања во различни области како здравство, чиста енергија и дигитални технологии.

2. Зелен Договор на ЕУ (European Green Deal): Ова е амбициозен план за преврт на ЕУ кон оддржлива економија со нула емисии на стакленички гасови до 2050 година. Програмата вклучува инвестиции во чиста енергија, смалување на загадувањето, биодиверзитет, и одржлива земјоделска пракса. Членството би овозможило на Македонија пристап до фондови за климатски акции и зелена трансформација.

3. Конект Европа (Connecting Europe Facility): Овој фонд финансира проекти за подобрување на европската инфраструктура во областите на транспорт, енергетика и дигитални услуги. Целта е да се зголеми мобилноста, да се поврзат енергетските системи низ Европа и да се подобри дигиталната поврзаност.

4. Еразмус+: Оваа програма поддржува образование, обука, млади и спорт во Европа. Таа нуди стипендии за студенти, академски и административен персонал за учење и работа во странство, што овозможува културна и образовна размена меѓу земјите-членки.

5. LIFE програмата: Оваа програма е посветена на заштитата на околината и климата. Таа финансира проекти кои се фокусираат на конзервација на природата, смалување на влијанието на климатските промени и промоција на одржливо користење и заштита на природни ресурси.

ИНФРАСТРУКТУРНА ПОМОШ – транспортна, енергетската и дигиталната инфраструктура во регионот.

• Инвестициски план за Западен Балкан 2021-2027: Преку овој план, ЕУ планира да алоцира 9 милијарди евра, со потенцијал да мобилизира до 20 милијарди евра инвестиции преку Западнобалканската инвестициска рамка (WBIF). Овие средства се наменети за одржлив транспорт, чиста енергија, животна средина и клима, дигитална иднина, конкурентност на деловниот сектор, и развој на човечкиот капитал.

• Нов план за раст на Западен Балкан: Во овој план се вклучени €6 милијарди во форма на грантови и заеми за да се забрза економската конвергенција со ЕУ, кој се очекува значително да ја подобри економската состојба во регионот до 2027 година.

• Инвестициски пакет од €3.2 милијарди: Лансиран во 2022 година, овој пакет поддржува 21 проект за транспорт, дигитална инфраструктура, климатски промени и енергетска поврзаност. Овој пакет вклучува €1.1 милијарда во ЕУ грантови од Инструментот за претпристапна помош (IPA III), дополнителни билатерални придонеси од државите членки на ЕУ и поволни заеми од меѓународни финансиски институции

• Сегашна помош (неповратни средства) од ЕУ за Македонија: околу 100 милиони евра годишно во последните 20 години

ШТО ПРАВИ ПРИЈАТЕЛСКА РУСИЈА ЗА НАС:

• Руските инвестиции во Македонија: во од 2010 до 2020 во просек околу 26 милиони евра годишно (целосно во иградба на постројки, бензиски пумпи или фабрика за лекови) и

• Помош (неповратни средства): околу 0 евра помош.

Извор: ФБ статус на авторот

Треба да знаете
Moже да ве интересира