Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Српските медиуми со непотврдени информации сугерираа хаос, опсадна состојба и мртви во Арачиново

ДРАГАН МИШЕВ

Во соработка со Мониторинг тимот на Цивил

Над 30 српски портали вчера на сензационалистички начин, со полувистините информации ја пренесоа веста за пукањето врз градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими. Според начинот на кој ја презентираа веста, може да се заклучи дека имаа за цел да предизвикаат паника и хистерија, небаре во Македонија избувнала војна, забележува Мониторинг тимот на Цивил.

БЛОКИРАНИ ПАТИШТАТА, ХЕЛИКОПТЕРИТЕ ВО ВОЗДУХ Опсадната состојба во Скопје по ранувањето на градоначалникот, ИМА ЖРТВИ, … (АЛО)

Македонската Коха наведува дека има и жртви, поточно едно лице е починато. Жителите на ова место за македонска Коха изјавија дека истрелите најверојатно дошле од истите лица кои лани влегле во кабинетот на градоначалникот Ридван Ибрахими и го нападнале.

ХАОС ПОРАДИ АТЕНТАТОТ ВО МАКЕДОНИЈА! Сите патишта се блокирани, постои сомневање дека е загинато едно лице… (Мондо)

Македонска Коха наведува дека едно лице е убиено во обид за атентат врз градоначалникот во Македонија. Македонската Коха наведува дека има и жртви, поточно едно лице е починато. Жителите на ова место за македонски Коха изјавија дека мислат дека се истите луѓе кои некогаш…

ХАОС ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: Блокирани патишта, разлетани хеликоптери! Детали за ранувањето на градоначалникот (ВИДЕО)… (Курир)

Во Арачиново, во Северна Македонија, денеска имало пукање од автоматско оружје, а според првите информации цел бил градоначалникот на оваа општина Ридван Ибрахими. Македонска Коха наведува дека се сомнева дека има и жртви, поточно едно лице е починато.

Ова е дел од нивните ударни вести, во кои сугерираат, со голема увереност, дека во пукањето имало мртви, повреден бил градоначалникот, а во Скопје владеел хаос, биле блокирани улици, а хелокоптерите летале во воздухот над главите на скопјани, парајќи им ги ушите со високите децибели од звуците на роторот.

Епилогот на настанот не го потврди српското сценарио: Мртви нема, не е повреден градоначалникот, туку неговото обезбедување, а жителите на Скопје не забележаа некакво поактивно учество на „силни полициски сили“, а не ги видоа ниту пријавените прелети на хелихоптерите…

Дел од српските медиуми вчера како да се понадеваа дека веќе известуваат за започната војна (или според ним омилената: специјална операција) во Македонија. Ако се има предвид дека токму преку српските медиуми се пласира најголемиот дел од руската малигна пропаганда во македонските медиуми, расте сомнежот во целта на ваквото известување, особено сега во предизборието, кога во Северна Македонија се води изборна битка помеѓу проевропските и проруските опции за иднината на државата. (ЦивилМедиа)

Треба да знаете
Moже да ве интересира