Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тренчевска: Од почетокот на 2022 до крајот на 2023 година, пензиите се зголемија за 24%

Заменик министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во емисијата на Слободен печат истакна дека методологијата за усогласување на пензиите е трајно решение во корист на пензиите и дека тоа ниту денес ниту во иднина нема да зависии од нечија политичка волја.

„Во изминатите две години направивме навистина многу во делот на системско решавање на пензиите и новата методологија што беше донесена и поздравена од Сојузот на пензионери, од Партијата на пензионерите и од многу пензионери, дава резултати. Резултати има на краток, но многу повеќе на среден и долг рок и тоа пензионерите го чувствуваат затоа што два пати во годината се врши усогласување на пензиите согласно порастот на трошоците за живот, односно инфлацијата и растот на просечната плата. Ако погледнеме наназад, минималната пензија во 2017 година беше 6.000 денари денес најниска пензија е 13.200 денари и за еден месец повторно ќе имаме раст на пензиите и таа ќе го зголеми“, порача Тренчевска.

Во однос на тоа за колкав процент ќе се зголемагт пензиите во март, Тренчевска побара трпение прво да излезат официјалните податоци од Државниот завод за статистика.

„Не би зборувала за процент, а ниту за некакви рамки, затоа што секоја рамка се зема здраво за готово и се манипулира со пензионерите и затоа ќе ги почекаме официјалните податоци. Но она што е факт е дека од март 2022 до крајот на 2023 година, пензиите се покачија за 24%/. Никогаш претходно немало такво зголемување на пензиите за толкав период“, посочи Тренчевска

Во 2017 година кога ја презедовме власта, затекнавме 25% опфат на децата кои се во предучилишно образование и еден од нашите главни приоритети беше зголемување на опфатот на децата во предучилишно образование, порача Тренчевска.

„Од 2017 година до денес отворивме 83 градинки и за прв пат отворивме градинки и во руралните средини, Едно општество за сите ни е водилка во процесот секое дете да има пристап до градинките. Вчера бевме во Општина Центар каде се гради нова градинка, а во завршна фаза се уште неколку градинки и тоа влијае на намалување на листите на чекање особено во Град Скопје. Но да потсетам претходно отворивме две градинки во Ѓорче Петров, во Аеродром во Кисела Вода…Во 2023 година одделивме 4 милиони евра за нови градинки во општините Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром и Карпош”, рече Тренчевска.

Денес, додаде Тренчевска, за разлика од 2017 година опфатот на деца во предучилшно образование е 50% со тенденција да продолжи да расте, а тоа освен што влијае на детската заштита, влијае и на намалување на невработенсота, затоа што во новоотврените граднки се вработува нов стручен кадар.

Треба да знаете
Moже да ве интересира