Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зошто ЕУ ги сака Македонија и Албанија до 2030 година?

Многумина се прашуваат зошто за Македонија и Албанија се отвора брза лента за зачленување во Европската Унија (ЕУ). Истата дилема ја имав и јас, додека не разговарав со експерти кои се вклучени во новите политики на ЕУ, а сè со цел поголема независност од Русија.

Причината за брзиот влез на двете земји лежи во проблемот кој се очекува да настане по завршувањето на агресијата на Русија врз Укарина со која дел од територијата на Укарина би се присоединила кон Русија, а тоа би значело дологорчно замрзнување на односите ЕУ, Русија.

Недостатокот на храна, вода и енергија би значело проблем за земјите од ЕУ. За таа цел, веќе се направени истражувања за капацитетот на Македонија за снабдување со храна и енергија.

Според проценките направени од експерти ангажирани од ЕУ, македонските житници, доколку се искористат во целост може да обезбедат жито за задоволување на дневните потреби на околу 6 милиони жители. Со обновување на сточниот фонд, Македонија во моментов може да одгледува над 1 милион овци, со што станува едно од најголемите „бачила“ во ЕУ.

Производството на кравјо млеко би требало да задоволи дневни потреби на 4 до 5 милиони жители. Овошјето и зеленчукот немаат толкав капацитет, но според проценките од експертите би биле доволни да задоволат околу 2 милиони жители на територијата на ЕУ.

Доколку се искористат средства за „смарт“ производство на храна, приносите би биле и поголеми, па затоа со отоворање на поглавјата и за овој сегмент се очекува ЕУ да издвои поголема количина пари.

Заедничкиот брз влез во ЕУ на Македонија и Албанија лежи и поради поврзувањето со коридорот 10д, кој по копнен пат ќе ја поврзе Албанија со Македонија, односно пристаништето Драч до Скопје, а потоа до цела Европа. Пругата кон Бугарија ќе направи поврзување на пристаништата Бургас и Драч, преку Македонија и на солунското пристаниште, со што Европа би добила сигурна рута за снабдување на потребите од разни стоки за задоволување на сопствениот пазар.

Игор Мицкоски (24Инфо)

Треба да знаете
Moже да ве интересира