Банките преминуваат на е-Фактура, УЈП го претстави новиот систем

Банкарскиот сектор почнува да се подготвува за воведувањето на системот е-Фактура, кој треба да го дигитализира процесот на издавање и обработка на фактурите. Управата за јавни приходи го презентираше системот пред околу 50 претставници на банките, во рамки на работилница организирана со Македонската банкарска асоцијација.

На банките им биле претставени функционалностите на системот и начинот на кој ќе се креира електронска фактура, со практична демонстрација на целиот процес.

Од УЈП посочуваат дека вклучувањето на банките е важно поради нивната улога во електронските и безготовинските плаќања. Целта е финансискиот сектор навреме да се приспособи на новиот начин на фактурирање и да се избегнат проблеми при неговото воведување.

Презентацијата пред банките е дел од пошироките подготовки за е-Фактура. УЈП претходно организирала средби и работилници и со шпедитери, општини, јавни претпријатија и компании кои ќе треба да го користат новиот систем.

Во следниот период Управата најавува дополнителни тестирања, практична поддршка и информирање на институциите и деловниот сектор пред целосното воведување на електронското фактурирање.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали Владата треба да се извини за грешката со знамето во настанот за 35 г. независност?