Блумберг: Туристите заминуваат од Македонија со нови вештини

туристите

Околу 31 отсто од туристите денес, особено од генерацијата зед, попрво би научиле некоја нова вештина за време на патувањето отколку да купат сувенир, покажа новата анкета на познатата онлајн платформа за патувања „Гет јоар гајд“ (Get your guide), на која се повикува Блумберг Адриа.

Од курсеви за готвење во Њујорк до изработка на ножеви во Токио, во извештајот се наведува дека бизнисот со работилници за стекнување вештини доживува бум, а бројот на резервации годинава пораснал дури за 54 отсто.

Резултатите јасно покажуваат дека луѓето ги менуваат навиките што со децении беа дел од секое патување. Водени од лични интереси и автентични искуства, современите туристи сега сѐ помалку патуваат за шопинг, а сѐ повеќе за да научат нешто.

На ова за Рацин.мк укажува и Влатко Сулев, претседател на Асоцијацијата за дојдовен туризам на Македонија.

„Луѓето сакаат да бидат вклучени во процеси. Колку што е процесот поавтентичен, кулинарни часови, готвење на одредени традиционални јадења, резбарање и занаетчистки активности“, нагласува Сулев.

Тоа се тенденциите во светскиот туризам и тоа ние можеме да го понудиме, посочува тој. „Вклучување на што е поголем број автентични искуства, ручек кај локална фамилија, ручек на фарма со јаболка. Колкушто можно повеќе агро, еко искуства“.

Најчитано