Филипче: Долг зголемен за 2 милијарди евра, инвестициите намалени

Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТВ, посочи на ризикот од зголемениот долг и влошената состојба како резултат на лоши економски политики на власта на Мицкоски.

„Задолжувањето, јавниот долг е пораснат за две милијарди евра од 2024 година. Каков имаат бенефит луѓето од процентите кога утре треба да враќаат повеќе од две милијарди евра, од коишто една милијарда е тотално нетранспарентно земена од Унгарија. И поделена по партиски фирми? Каков бенефит имаат луѓето од процентите? Две милијарди го зголемувате јавниот долг“, потенцираше претседателот на СДСМ.

Филипче предупреди и на падот на странските инвестиции и лошите економски показатели кои носат социјални последици.

„Странските инвестиции се за две третини намалени. Луѓе затвораат фабрики. Над илјада луѓе се останати на улица. Со пропагандата тоа го покриваат и не ги прикажуваат луѓето, не смее да излезе вистината на улица и граѓаните се плашат. Знаете што е главната разлика? Тоа што власта не ја интересира ни државата ни граѓаните. Кризата удри, не дадоа никаква мерка, никаков пакет. Па како мислат овие луѓе? Дали вака се води држава? За студенти, за пензионери. Каков бенефит видоа граѓаните освен нови задолжувања и сиромаштија“, потенцираше Филипче.

Најчитано