Мицкоски за дата-центрите: Јасно е каде оди светот

Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска при посетата на Општина Бутел, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со дата-центрите, истакна дека тоа е неповратен процес и Владата во таа насока ќе продолжи да ја води земјата кон просперитет и иднина, а опозицијата со своето противење не само што се однесува неодговорно кон државата и граѓаните, туку е изолирана со уште малкумина, затоа што и САД, Европа, но и азиските земји се развиваат на тоа поле.

„Во Европа конкретно, нашата опозиција не само што се однесува неодговорно кон економијата, државата и граѓаните, туку е изолирана со уште неколкумина во светот кои се борат против центрите за податоци или, во јавноста познати како, дата-центри“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски потсети на обраќањето на претседателот на САД, Доналд Трамп, во кое тој на противниците на оваа индустрија им вели дека дата-центрите ќе донесат повеќе успех, но и пониски даноци и работни места, а потсети и дека источните земји се развиваат преку дата-центрите.

„Така што јасно е каде оди светот и овој процес е неповратен. Секогаш кога ќе појдете на Исток, посебно во тие азиски земји, кога ќе ги видите оние хуманоидни роботи, кога ќе видите како таму функционираат сообраќајните решенија, кога ќе се соочите со тие предизвици, тогаш се враќате овде со воодушевување. А кога овде Владата ќе ви каже: ‚Ајде луѓе и ние да направиме нешто‘, е тогаш сте против. Така што тие нека си продолжат со својот талог и своето политичко мочуриште, а ние знаеме каде да ја водиме Македонија и ќе ја водиме кон просперитет и иднина“, нагласи премиерот Мицкоски.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дата центри - дали сте информирани, дали поддржувате?