Од полноќ повторно се менуваат цените на горивата во Македонија. Бензините поскапуваат за 3,50 денари за литар, додека дизелот поевтинува за два денари, согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Од 00:01 часот на 15 септември, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по максимална цена од 100,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 102,50 денари за литар.

Новите максимални цени се:

Кај дизелот цената се намалува од 101 на 99 денари за литар, додека екстра лесното масло поскапува за 4,50 денари.

Според пресметката на РКЕ, просечните малопродажни цени на нафтените деривати се зголемуваат за 2,86 проценти во споредба со претходната одлука од 7 септември. Причината е растот на референтните цени на горивата на светските пазари.

Кај дизелот се применува и повластена стапка на ДДВ од 10 проценти, согласно владината одлука од 13 септември, а продолжува и примената на намалената акциза кај бензините и дизелот.