Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лукаревска: Пендаровски е претседател на сите граѓани и така ќе продолжи и во неговиот следен мандат

„Во пресрет на нашиот конгрес, кој што е во недела,  ќе го промовираме нашиот претседателски кандидат, актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски. Вчера имавме седница на ИО каде што ја потврдивмее нашата заложба да продолжиме по европскиот пат кој што всушност ќе го води, нашиот претседател Пендаровски.  Тој навистина го оправда своето функционирање , затоа што го врати кредибилитетот на функцијата претседател на државата. Имавме повеќе кандидати со поднесени кандидатури и предложени кандидати за претседател на државата на ниво на општинските организации и секако победникот на овие избори очекуваме да биде г. Стево Пендаровски“, рече заменик претседателката на СДСМ и директорка на Управата за јавни работи, Сања Лукаревска во вестите на Алсат ТВ.

Таа посочи дека Пендаровски покрај тоа што ја има комплетната подршка од СДСМ, ја има подршката и од невладиниот сектор, од поединци и од разни групи.

„Тој е претседател на сите граѓани и така ќе продолжи и во неговиот следен мандат“, рече Лукаревска.

Во врска со коалициониот партнер ДУИ и дека и тие излегоа со свој кандидат, Лукаревска истакна дека тие си имаат свој кандидат за претседател, Бујар Османи и  единственото што ги сврзува овие два кандидати е европската агенда. „Европската агенда , европската перспектива и европската иднина е исто така обележје кое изминатиорт период го промовираше и Стево Пендаровски.Ако зборуваме за европскиот предзнак, секако дека и Пендаровски и Османи го имаат, меѓутоа ние сме две  различни политички партии и не гледам дека сме изневерени од ДУИ, напротив добро е да има повеќе кандидати за граѓаните да го изберат најдобриот“, посочи Лукаревска.

Таа потенцираше дека никој не може да биде над судот, но најдовме соодветно законско решение со кое имаме намалување на коефициентите на платите.

„Согласно новите законски измени имаме намалување на коефициентите. Не смее да се заборави фактот дека тоа е зголемување од 78% е соодветна судска одлука, ниту е партиска одлука на СДСМ, ниту на Владата, ниту на било која друга политичка партија. Многупати имаме зборувано  во јавноста од различни владини претставници дека се подготвува соодветно законско решение кое што ќе ги намали овие дисторзии. Затоа што, никој не може да биде над судот. Но, затоа пратениците мораа да интервенираат за да се надмине и овој проблем. Знам дека се создаде еден посебен економски тим под палката на тогашниот претседател на влада, Ковачевски, и се бараше соодветно законско решение за да овој проблем се надмине“, рече Лукаревска.

Во врска со законското решение за спречување на нефер трговски  практики и дали се очекува нов ценовен шок, Лукаревска истакна дека од денес настапуваат на терен вработените од пазарен и трудов инспекторт  и дека онаму каде што ќе се согледаат извесни прекршувања на законите и она што значи  непочитување на одредени одредби ќе се изрекуваат казни.

Треба да знаете
Moже да ве интересира