Вториот дел од енергетскиот, или транспортно енергетскиот домен, треба да се гледа во организирањето и првите приоритети на министерството за транспорт и врски, посочува Ивон Величковски во интервјуто за ЦИВИЛ.
Ова го поставувам како политичко и безбедносно прашање, бидејќи во овој момент се исцртува една политика, според нас, на формирање на енергетско транспортен коридор – Северна Македонија, или користење на Северна Македонија како енергетско транспортен коридор на Српскиот свет за излез на Медитеранот, а сметаме дека безбедносната компонента и интересот на Северна Македонија, е напротив, градење на својата енергетска, заедно со безбедносната стабилност, во рамките на европските и евроатлантските одбранбени политики, изјави Величковски.
Д. Тахири
Камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети