Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВИДЕО Проф. Давитковски за ЦИВИЛ Медиа: Правото на локалната самоуправа е уставно загарантирано право на граѓаните

Со професорот Борче Давитковски разговаравме за Законот за локална самоуправа, кој во моментот е повлечен и чека формирање на новата Влада.

„Се поставува прашањето како се крши Уставот. Согласно член 114 во Уставот, правото на локална самоуправа е на граѓаните. Ако граѓаните се определиле за одредена личност, некој сега да каже после две години пу-пу не важи, јас ќе си одам министер, ама еве еден од мојата политичка провиненција или советник од Советот, тој ќе биде в.д. Каде се граѓаните? Тоа е нивно право“, вели професорот.

Тој додава дека ќе има и ретроактивно дејство што би значело да се примени за идните состојби, а не веднаш да се реализира.

„Сега имаме ретроактивно дејство. Уставот забранува, но кажува ако е поповолно. За кого? За политичката партија? Да, поповолно е, ама за граѓаните не. Автоматски кој и да го даде на Уставен суд, автоматски ова решение ќе падне“, вели Давитковски.

Б. Јордановска / видео и монтажа: Ариан Мехмети (ЦивилМедиа)

Треба да знаете
Moже да ве интересира