Србија доживеа „изборна револуција“, слично како Унгарија претходно годинава. Александар Вучиќ беше на власт 12,5 години (најпрво како премиер, а потоа како претседател) и изгради автократски систем сличен на оној на Виктор Орбан во Унгарија. Младата генерација одигра пресудна улога во падот на двајцата.
Пишува: Андро Ласло
И во Унгарија и во Србија, системската корупција се покажа како катализатор за мобилизација на граѓаните против автократите. Изборната излезеност се зголеми на 78% во Унгарија и на близу 70% во Србија. Успехот на партијата Тиса во Унгарија и на студентската листа во Србија го одложува закрепнувањето на традиционалните левичарски и либерални политички сили.
Поддршката за студентската листа беше исклучително голема во северна и западна Србија, а особено во големите градови како Белград и Нови Сад (Ујвидек), од каде што потекна протестното движење по трагедијата на железничката станица во 2024 година (01/11). Сепак, поразот на Вучиќ не значи целосен распад на неговата база на поддржувачи, особено на југот и истокот.
Триумфот на партијата Тиса на Петер Маѓар претходно годинава (12/04) им послужи како инспирација на српските студенти. Но, во Унгарија реформата на државата може да се одвива побрзо бидејќи новата владејачка сила има уставно (двотретинско) мнозинство во парламентот. На Маѓар му е полесно и да направи повеќе промени во надворешната политика.
Додека двоецот Орбан-Вучиќ беше на власт, раководството на партијата на етничките Унгарци во Србија (ВМСЗ) се приклони кон автократско-националистичкиот тренд над границата на прифатливото. На изборите на 25 октомври, голем дел од етничките Унгарци гласаа за студентската листа, што доведе до намалување на бројот на пратениците на ВМСЗ.
Промената на власта во Белград може да создаде нов поттик, или барем очекувања, во областа на проширувањето на ЕУ, под услов студентската (или поточно професорската) влада брзо да се формира и да изрази посветеност на интеграцијата во ЕУ. Други земји, како Северна Македонија, можат да имаат корист од таквиот „ветер на промени“.
Ласло Андор е унгарски економист, поранешен еврокомесар за вработување, социјални прашања и инклузија во Европската комисија од 2010 до 2014 година, а денес е генерален секретар на Фондацијата за европски прогресивни студии (FEPS).

