Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Замисли нов свет“ – Нови перспективи низ делата на Горан Стефановски во МНТ

На 16 и 17 декември, Македонскиот народен театар (МНТ) ќе ја претстави премиерата на „Замисли нов свет“, драма инспирирана од седум текстови и интервјуа на реномираниот драматичар Горан Стефановски. Претставата обработува теми како идентитетот, генерациските јазови и општествените предизвици.

Авторката на драматизацијата е Ана Ристоска-Трпеноска, а режијата е дело на Нела Витошевиќ. Екипата вклучува актери од МНТ и Драмски театар, како и нови млади актери, а по две децении, на сцената се враќа и актерката Верица Недеска.

Претставата е копродукција на МНТ, „Сектор Филм“, и Телеком, поставувајќи пример за алтернативно финансирање во културата.

„Сакавме да го потенцираме влијанието на театарот да создава уникатни и значајни приказни. Избравме сцени од првата и втората фаза на творештвото на Стефановски, кои го прикажуваат неговиот неповторлив талент,“ изјави режисерката Витошевиќ.

В.д. директорот Никола Кимовски додаде дека ваквите проекти покажуваат дека театарот може да се потпре и на самофинансирање, надвор од традиционалната државна поддршка.

Зачлени се на нашиот е-билтен