„Уметноста на оддалеченоста“ на Дита Старова Ќерими во Националната галерија

Самостојната изложба „Уметноста на оддалеченоста“ на академската сликарка и универзитетска професорка Дита Старова Ќерими ќе биде отворена на 16 ноември, во 19 часот, во Чифте амам, во организација на Националната галерија.

Преку експресивен колорит, органски форми и суптилно присуство на човечката фигура, авторката го истражува односот меѓу блискоста и оддалеченоста, сеќавањето и присуството.

Изложбата отвора простор за размислување за човечките врски што опстојуваат и надвор од физичката близина, како и за начините на кои сеќавањето го одржува чувството на поврзаност.

Насловот на изложбата е претставен на три јазици — „Уметноста на оддалеченоста“, „Arti i largësisë“ и „The Art of Distance“.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?