Потресна исповед на принцот Хари: „Тоа ја уби мојата мајка“

Принцот Хари во Мелбурн ја изненади јавноста со искрени признанија за најтешките моменти од својот живот, особено за периодот по смртта на неговата мајка, Принцезата Дијана.

Говорејќи пред публика, Хари откри дека како дете тешко ја прифатил улогата што му била наметната.

„Откако ми почина мајка ми, непосредно пред мојот 13-ти роденден, си помислив: ‘Не ја сакам оваа работа. Не ја сакам оваа улога, каде и да ме води, не ми се допаѓа’. Тоа ја уби мојата мајка и јас силно се спротивставував на тоа, па со години ја оттурнував реалноста. На крајот сфатив – ако некој друг е на мое место, како би ја искористил оваа платформа и ресурсите што ги носи за да направи промена во светот? И што би сакала мојата мајка да направам? Тоа навистина ја промени мојата перспектива“, изјави Хари.

Тој призна дека со години се соочувал со чувство на изгубеност и силен притисок – и надворешен и внатрешен.

„Имаше многу моменти кога се чувствував преплавено. Моменти кога се чувствував изгубено, изневерено или целосно немоќно. Моменти кога притисокот, и надворешниот и внатрешниот, изгледаше постојан. И моменти кога, и покрај сè, морав да се појавам и да се преправам дека сè е во ред, за да не разочарам никого“, рече принцот.

Неговата исповед допре многумина, бидејќи ретко зборува толку отворено за личните борби.

Трагедија што го обележа неговиот живот

Да потсетиме, Принцезата Дијана го загуби животот кон крајот на август 1997 година во сообраќајна несреќа во Париз, на само 36-годишна возраст.

Овој настан засекогаш го промени животот на нејзиниот син, кој денес, како што вели, се обидува својата позиција да ја искористи за добри цели – токму онака како што би сакала неговата мајка.

Зачлени се на нашиот е-билтен