Рекорден интерес за новиот, црногорски проект на регионалниот фестивалски гигант EXIT

EXIT

Во фокусот на регионалната фестивалска сцена овој викенд е EXIT to Montenegro – новиот настан на црногорското крајбрежје кој ќе се одржува во две фестивалски поглавја од 3 до 6 јули и од 28 до 31 август. Со овој проект во организација на EXIT – најголемиот фестивалски бренд од Балканот – Улцињ, Велика плажа, Будва и Бечиќи ова лето ќе бидат една од највозбудливите точки на европската фестивалска сцена. Откако веќе беа потврдени настапите на дел од најголемите имиња на светската електронска сцена, како што се Peggy GouCharlotte de WitteHugelaJohna NewmanaMaceo Plexa, EXIT to Montenegro пред самиот старт објави и нови засилувања! Премиерата во Црна Гора ќе ја изведат три гиганти кои ги поставуваат стандардите на современата електронска музика: Argy, најзвучниот претставник на новата глобална електронска генерација, потоа едно од највлијателните имиња на глобалната хаус и тек-хаус сцена, Jamie Jones, а приказната ја заокружува германскиот техно визионер Stephan Bodzin со својот уникатен настап во живо.

Со овие имиња беше комплетирана импресивната постава за епицентарот на европскиот фестивалски туризам ова лето. EXIT to Montenegro уште пред еден месец веќе доби повеќе од 40.000 апликации за посетители од повеќе од 100 земји, што го потврдува огромниот глобален интерес за новото фестивалско поглавје на црногорското крајбрежје.

EXIT 2 MONTENEGRO IG POST

Фестивалската програма на „Велика плажа“ во Улцињ, ќе се одржува од 3 до 6 јули, а главните музички ѕвезди се ArgyJamie JonesMaceo PlexMonolinkStephan BodzinAwenDeer JadeLanna и Space Motion!

Овој дел од програмата ќе биде автентично, органско искуство – со цел зачувување на екосистемот на Велика Плажа, една од најважните во светот. Акцентот ќе биде ставен на музиката, природата и шармот на морскиот брег, давајќи им можност на посетителите да уживаат во навистина опуштена атмосфера.

„Велика Плажа“, бисерот на улцињската ривиера, исто така призната како една од најатрактивните дестинации за кајтсурфинг во светот, ќе добие посебно место во фестивалската програма преку содржини посветени на овој спорт. Во соработка со водечките кајт-клубови, ќе биде организирано спектакуларно кајт-шоу со учество на бројни врвни кајтсурфери од регионот и странство, создавајќи единствена комбинација од музика, природни елементи и препознатливата енергија на Улцињ.

Вториот дел од настанот се сели во Будва, на плажата Бечиќи, кон крајот на август. Загревањето за фестивалот е планирано од 24 до 27 август, додека главната програма ќе трае од 28 до 31 август. На крајот од летната сезона, плажата во Бечиќи ќе биде домаќин на програма на ниво на најголемите светски фестивали, а таа ја предводат Peggy GouCharlotte de WitteHugel, John NewmanEnrico SangiulianoRPR Soundsystem и бројни други.

За незаборавно искуство под отвореното небо на црногорскиот брег ќе се погрижи и неопходната локална музичка поддршка составена од повеќе од 50 одлични изведувачи, предводени од вундеркиндот нна електронската сцена – Lanna, заедно со ветераните и мајстори на својот занает како што се Laris, Millok, Proximus, Audiostorm, Rayo, Branko Vuković, Raven TK, Lekka, Rudhaman и многу други.

Целта на проектот EXIT to Montenegro е продолжување на главната туристичка сезона, како и развој на музичкиот туризам, кој претставува најбрзо растечка гранка во туристичката индустрија и глобално генерира над 100 милијарди евра. Се проценува дека проектот EXIT to Montenegro ќе му донесе на црногорскиот туризам најмалку 210.000 ноќевања и над 40 милиони евра приходи ова лето.

Повеќе од 40.000 апликации од повеќе од 100 земји сведочат за исклучителниот глобален интерес за EXIT to Montenegro, новото фестивалско поглавје кое пристигнува на црногорскиот брег ова лето. За потсетување, двата фестивали се бесплатни за посетителите, со задолжителна регистрација преку линкот овој линк, додека многу ограничен контингент на ВИП билети е достапен на веб-страницата на фестивалот.

Најчитано