12 возачи уапсени за „безобѕирно управување возило“, осум возеле без положен возачки испит

МВР информира дека во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници уапсиле 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, осум управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.А.(33) од Скопје,  М.Д.(28) од с.Љуботен, скопско, Б.С.(43) од с.Брест, скопско, 34-годишната Г.А. од с.Врапчиште, гостиварско, С.С.(37) од с.Степанце, Општина Старо Нагоричане, Б.Ш.(40) од с.Рогле, Општина Желино,  И.А.(45) од с.Чешиново, Општина Чешиново – Облешево и О.Ј.(44) од Штип.  Под дејство на алкохол управувале три лица и тоа: Ј.С.(56) од Скопје Д.Р.(73) од Македонска Каменица и Р.Ј.(47) од радовишко, кој управувал и во спротивна насока.  Со активна мерка забрана за управување на возило управувал П.К.(46) од Прилеп. 

„По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.  Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“ велат од МВР.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?