14 годишно момче извршило обљуба врз својата сестра, ОЈО бара притвор

обвинителството

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор за 14-годишно дете, бидејќи постои основано сомнение дека вршело продолжено кривично дело – родосквернавење, предвидено во член 194 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

„Детето, во судир со законот, во февруари 2026 година во два наврати го искористил отсуството на родителите и извршил обљуба врз неговата 13-годишна сестра. Малолетниот брат подолг временски период испраќал пораки со непристојна и експлицитна содржина на жртвата, а во два наврати против нејзината волја ја принудил на сексуални односи“ – се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Оттаму додваат дека имајќи ги предвид законските основи и особено потребата од заштита на жртвата, јавниот обвинител доставил и посебен предлог за определување мерка притвор за детето.

Зачлени се на нашиот е-билтен