Премиерот Христијан Мицкоски, вчера пред одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, рече се очекува намалување на цените на горивата – бензините од 95 и 98 октани за околу 1,5 денари по литар, а дизелот за околу 2,5 денари. Поранешниот пратеник и член на ВМРО-Народна, Љупчо Балкоски преку јавна објава, прашува зошто има потреба да функционира РКЕ, кога Владата предвреме ги дефинира и соопштува цените на нафтените деривати за наредната недела.
„Дали Владата ги суспендира Независните Регулаторни комисии кои се избрани од Парламентот? На ваков начин не се почитуваат ингеренциите и професионалното работење на целокупниот кадар во независните установи? Дали, на каков начин и со какви „независни одлуки“ во иднина ќе функционираат независните тела избрани од Републичкото Собрание“, прашува екс-пратеникот.
https://www.facebook.com/ljupco.balkoski.2025?ref=embed_post
Истовремено, додава Балкоски, Владата за останатите цени на прехранбените производи се уште чека и анализира.
„Затоа е потребно е формирање на Независен економско-финансиски центар за кризно менаџирање и донесување на мерки за надминување на економската криза“, стои во пораката на Балкоски.