Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, два се ставени под контрола, а 27 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите кај селото Јаболчиште во Општина Чашка, каде што гори букова и дабова шума и ниска вегетација, како и кај селото Стрима во Општина Липково, каде што се зафатени борова шума и ниска вегетација.
Пожар има и кај селото Дрен во Општина Прилеп, каде што гори мешана шума, како и кај селото Горно Косоврасти во Општина Дебар, каде што е зафатена шума.
Под контрола се пожарот меѓу селата Драчевица и Цветово во Општина Студеничани, каде што горела ниска вегетација, како и пожарот на депонијата Краста во Општина Куманово.
