Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Џафери: Ако опозицијата бара избори, нека поднесе предлог до Собранието

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека доколку опозицијата сака избори, тогаш треба да поднесе предлог до Собранието.

Седницата, вели, Џафери, ќе ја свикам веднаш.

– Ако мислите за избори, уште сега поднесете предлог и истиот ден ќе ја свикам седницата, нема да ве спречувам во тоа. Волјата на пратениците, јас нема да ја попречам, ама не може да биде одлука на партиски орган дека сака избори. Таа партиска одлука треба да се преточи во постапка во Собранието од надлежни подносители на иницијативата, истакна Џафери денеска на гостување во емисијата „Summer Click“ на ТВ21.

Tags: опозицијаЏафери

Треба да знаете
Moже да ве интересира