Државјанин на Македонија уапсен за грабеж на џамии

џамии

Во заедничка акција на полициите во Нови Пазар и Бујановац во Србија, уапсен е државјанин на Северна Македонија, М.З. (66) под сомнение дека извршил четири тешки кражби.

Тој е осомничен дека ограбил каси и крадел пари од четири џамии во Нови Пазар, Тутин и Сјеница од 29 април до 1 мај.

За време на увидот, полицијата го посетила М.З. каде пронашла нож и електрошок, за што против него е поднесена прекршочна пријава.

Тој е задржан во притвор до 48 часа, по што ќе биде испрашуван во Основното јавно обвинителство во Нови Пазар.

Зачлени се на нашиот е-билтен