Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува длабока загриженост и негодување кон безпреседентната политичка и правна ситуација која се одвива на политичката сцена.
Веродостојни извори потврдуваат дека премиерот Христијан Мицкоски го држи Изет Меџити под целосна контрола преку судско досие од 320 страници, која документира флагрантни прекршувања на законот во областа на нелегалната градба во Чаир,прекршувања кои предизвикале директна штета на општинскиот буџет во износ од 72 милиони евра.
Оваа ситуација не е само правен скандал, таа е политички скандал од прв ред.
Ова го наведува во своето соопштение ДУИ, коешто понатаму го објавуваме целосно:
Фактите јасно покажуваат дека обвинителното досие не се користи како инструмент на правдата, туку како лост за притисок врз градоначалникот на општина Чаир.
Меџити, опкружен со овој Дамоклов меч, продолжува да ја задржи својата позиција, ставајќи го личниот интерес над интересот на албанскиот народ и граѓаните на Чаир.
ДУИ нагласува дека 72 милиони евра штета на општинскиот буџет не се апстрактна бројка, тоа се болници кои не се изградени, улици кои не се асфалтирани, градинки и училишта кои не постојат, и осиромашени граѓани жртви на безодговорно и сомнително управување.
Секој ден кој Меџити го поминува на функција, е уште еден ден во кој граѓаните во Чаир ги носи последиците од неговите грешки.
Одбиваме да ја прифатиме идејата дека еден поединец и неговите лични правни проблеми можат да го земат во заложништво целото албанско прашање.
змеџити нема право да ги изложи граѓаните на на политичките последици од неговите манипулации.
Тој имал можност да се брани лично но не криејќи се зад својот мандат и зад нашата заедница.
Поради овие причини, ДУИ итно и категорично бара: Изет Меџити да поднесе оставка од функцијата градоначалник на општина Чаир, и индивидуално да се соочи со правните обвинувања против него, онака како што бара секој елементарен стандард на демократијата и чесното управување.
Правдата не е предмет на преговори. Граѓаните на Чаир заслужуваат лидери кои им служат на граѓаните со интегритет, а не поединци кои го користат мандатот како лично штитење од законот.
ДУИ ќе продолжи да стои до граѓаните и ќе се бори за целосна одговорност за секое евро оштетено од буџетот на Чаир.
ДУИ им се обраќа на сите политички сили, институции и јавното мислење да се издигнат заедно во одбрана на интересите на граѓаните и на правдата.
Молчењето и неактивноста се соучесништво.