ДУИ изразиле загриженост за ерозија во државните институции пред американски конгресмен

ДУИ

Делегација на Демократската унија за интеграција, предводена од претседателот Али Ахмети, вчера остварила средба со Конгресменот Кит Селф, претседател на Поткомитетот за Европа во Конгресот на Соединетите Американски Држави.

На средбата се разговарало за политичките случувања во Северна Македонија, значењето од зачувувањето на Охридскиот мировен договор, како и за сериозните загрижености околу неговата ерозија во државните институции.

Соговорниците истакнале дека Охридскиот договор останува темел на мирот, соживотот и мултиетничката демократија во земјата, но и една од најзначајните стратешки инвестиции на Соединетите Американски Држави во регионот.

Претседателот Ахмети изразил благодарност за улогата и континуираната посветеност на САД во поддршката на стабилноста, безбедноста и евро-атлантската ориентација на Северна Македонија и Западен Балкан.

На средбата била нагласена и потребата од заштита на демократските стандарди, почитување на Охридскиот договор и зачувување на мултиетничкиот карактер на државата, како предуслов за долгорочна стабилност и европска интеграција.

Најчитано