Филипче: Наместо да преземе мерки во кризата Мицкоски се однесува како аналитичар 

Филипче

Во време на тешка криза премиерот Мицкоски наместо да преземе мерки, да им помогне на граѓаните, тој се однесува како аналитичар,  нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Алсат М Телевизија. Филипче, посочи дека ваквиот однос на премиерот јасно покажуваа дека оваа власт не сака државата да напредува, ниту пак има волја да им помогне на граѓаните. 

„Тие не сакаат ниту државата да оди напред, ниту нешто добро да направат за граѓаните. Што кажува премиерот во време на оваа тешка криза, набљудуваме, ќе видиме како ќе биде – како независен аналитичар се однесува. Нашите политики потекнуваат од детални анализи на партиските стручни комисии се темелат на добрите политики коишто сме ги имплементирале во минатото и така ги спроведуваме“, рече Филипче.

Тој додаде дека СДСМ понуди конкретни решенија, кои во оваа криза ќе дадеа реални ефект што ги почуствуваат граѓаните, но власта не ги прифати.

„Ние имаме автентични опозициски политики, и со жалење можам да констатирам дека добрите предлог политики кои што се обидуваме да ги имплементираме преку предлог закони, оваа власт не ги прифаќа. Во делот на платите дадовме предлог да порасне минималната плата на 600 евра, дадовме предлог да се ограничат цените на основните прехранбени продукти, дадовме предлог со ограничија цените на горивата – ништо оваа власт не прифати, ама тоа повеќе не не зачудува“, рече Филипче.

Во интервјуто Филипче воедно посочи дека Мицкоски нема одговори за клучните прашања поврзани со економијата, европската перспектива и животниот стандард, и наместо да се фокусира на решавање на проблемите, тој дефокусира и навредува.

„На што дал одговор на тоа што се случува во државата во делот на Европа, во делот на економијата, во делот на потребите на граѓаните, цените, стандардот ништо. Едноставно само дефокуси и навреди. Ги нарекува граѓаните медиокритети талог мекотели итн,  се однесува како уредник на жолт печат. Тоа е неговиот однос. Притоа се грижи само за своите луѓе“, рече Филипче.

Зачлени се на нашиот е-билтен