Градоначалникот на Карпош Лукровски напишал оставка, ВМРО-ДПМНЕ притиска да ја повлече

Карпош

Градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, е под силен притисок од ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече оставката којашто веќе ја напишал и за која се очекува да биде соопштена во текот на денот.

Ова го дознава Рацин.мк од два неповрзани извори во Општина Карпош.

Изворите на Рацин.мк не можеа да кажат која од многубројните причини ја прелила чашата, но што се знае со сигурност е дека Лукровски воопшто не се снашол со реализација на затекнатите проекти и процеси во општината и тоа го блокирало да се впушти и во нови.

Тоа, впрочем, е видливо во Општина Карпош затоа што откако се завршија изборите и откако Лукровски ја презеде должноста, во општината нема никаква активност, а незадоволството на граѓаните е во постојан пораст.

За притисокот од ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече оставката, нашите извори велат дека е разбирлив, ако се знае дека партијата направи вонредни и исклучителни напори да направи пресврт во вториот круг на локалните избори, само колку да нареди уште една на листата освоени општини, но со очигледни лоши проценки за тоа што може да испорача нивниот кандидат Сотир Лукровски.

Резултатите дојдоа по 6 месеци.

Инаку, Рацин.мк уште дознава дека ова не е прв обид на Лукровски да поднесе оставка, но секогаш бил поколебуван со притисокот од пратијата. Овој пат, Лукровски бил категоричен, но остануваа да се почека да видиме што ќе се случи.

Зачлени се на нашиот е-билтен