Јетон Шазивари: Бугарите во Уставот треба да бидат сосема разграничени во Преамбулата од Македонците

„По мое мислење треба да се изнајде решение со кое ќе се овозможи демаркација или разграничување и тоа јасно и потполно помеѓу Македонците и Бугарите од повеќе аспекти. Првиот и најбитен е самобитноста на Македонците јазично, етнички и културно и тоа е многу битно и сметам дека тоа ќе биде една од придобивките  на овој процес ако се изведе како што треба. Тоа е важно и како превентива од идно можно бугаризирање на општеството“, вели во интервју за Рацин.мк професорот по Уставно право д-р Јетон Шасивари од Универзитетот на Југоисточна Европа..

На прашањето дали тоа значи дека Бугарите нема едноставно да се додадат во низата етнички заедници како делови од народ и ќе имаат посебно место во реченицата на преамбулата, Шазивари вели:

– Тоа е веќе прашање на техника односно на уставна формулација. Но, битно е дека ќе се постигне тоа разграничување односно демаркација или дистинкција. Тука зборуваме за наши граѓани, односно наши државјани кои се изјаснуваат како Бугари кои ќе бидат дел од бугарскиот етникум, а не од македонскиот етникум и со тоа ќе се воспостави јасна демаркација меѓу Македонците и Бугарите, нагласува професор Шасивари во интервјуто.

Интевјуто со проф. д-р Јетон Шасивари ќе го објавиме на порталот на Рацин.мк во 17.00 часот денеска.

Треба да знаете
Moже да ве интересира