Владата на Северна Македонија го именува Сашо Клековски за Директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) со полн четиригодишен мандат, потврдувајќи го неговиот досегашен ангажман во периодот како вршител на должност.
По тој повод, Клековки на социјалните мрежи напиша: „Со полн мандат и уште поголема одговорност во ФЗО“
Голема чест, уште поголема одговорност — но и признание за досегашниот труд во ВД-периодот е вчерашната одлука на Влада на Македонија да ме именува за Директор на Фонд за здравствено осигурување на Македонија (ФЗО) со четиригодишен мандат, истакнува Клековски во својата објава.
Тој ми честиташе и на Седат Бислими, новоименуваниот заменик-директор, најнов член на раководниот тим, со кого го водиме овој важен столб на здравството!
Клековкски не пропушти да им се заблагодари на Владата, на премиерот Христијан Мицкоски, на министерот за здравство и Управниот одбор на Фондот за довербата.
Продолжувам посветено да работам на унапредување на здравствениот систем. Пред нас е период на многу работа, силно темпо и видливи реформи. Со визија, со тим и со посветеност — одиме напред.
